25/05/2017

МУЗЕЈ НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

 Името „Сули“ (турски. sulu - воден) го добил по реката Серава која течела покрај неговата источна страна

Сули ан е (конак) изграден во XV век. Негов ктитор бил Исхак-бег, војвода и командант на Скопското краиште. Служел за сместување и престој на патниците и трговците со нивните карвани. Името „Сули“ (турски. sulu - воден) го добил по реката Серава која течела покрај неговата источна страна. Целосно е обновен 1972, по оштетувањата од земјотресот во 1963. Денес е Факултет за ликовни уметности и Музеј на старата скопска чаршија.

Површина:
2.101 м2
Цена на влезница:

 -

Работно Време: 07.00-15.00
Адреса: Стара чаршија Сули Ан бб
Реткости :

монети од Волкашин и Крале Марко

Регион: Скопје
Стартно место: Камени мост

Рута: Јадрото на чаршија е составено од две надолжни улици, што се протегаат по оската Камен мост – Бит пазар и (Кале и Долни Град)..

Внимание: Старата скопска чаршија или “турската чаршија” како што некои ја нарекуваат, спаѓа во групата на најголеми ориентални чаршии на Балканот. За изворот на света вода кој постоел во Старата скопска чаршија велат дека доаѓало цело Скопје. На него имало натпис, кој говорел за убавината на Скопје. Според неа, тој што ќе се напиел од тој извор вечно ќе го сакал Скопје и вечно ќе му се враќал.

Варијанта А: На 300 м2 во 34 витрини и 64 паноа се презентирани и третирани: 123 ликовни дела со мотиви од Скопска чаршија, 596 археолошки предмети од метал и керамика пронајдени при археолошки истражувања во комплексот на Чаршијата и Калето, 257 етнолошки предмети.

Информации
>> Испечати
>> Фото Мапа
>> Фотогалерија
Информации за патувањето
>> Како да стигнете
>> Побарајте водич
>> Побарајте сувенир
Можност за посета
Kонтакт:

janakievska.gordana@gmail.com

Информации:
++  389 070/775025 
Return