26/06/2017
ВЕВЧАНИ - Театар на отворено

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ 2008

Послано како со рака, распослано од подножјето, па се до сртот на планината Јабланица. Уште од самиот почеток на селото, куќите, наредени како осилки на клас жито, брзо се редат се угоре за да се постелат по Вевчанската река, до нејзините извори, до глечерските езера. Кога господ го создал рајот, едно парче од него оставил во Вевчани.
Интересни места:
Се зборува дека првите населени вевчанци биле браќата Калан и Алул, кои ја оформиле горна и долна маала. Во знак на благодарност кон многубројните печалбари кои биле носители на опстанокот, благосостојбата и напредокот, во селото, направен е споменик на печалбарот, единствен во светот. Вевчани е познато и по архитектурата која ја носеле од разни краеви на светот каде што печалбареле. Селото има 19 цркви, манастири и параклиси, а централно место зазема црквата Св. Никола со иконостасот изработен од Дичо Зограф со тајфата. Се кажува дека од ниту едно земно место може да се види целото село.
Да потсетиме:
VI-VII се доселуваат Брсјаци.
1835 почнало со работа училиште.
1876 црква Свети Никола.
1927 имало веќе и библиотека.
1949 е изградена хидроцентрала.
1987 лебди духот на Вевчанската република.
1993 Вевчанскиот карневал, станува член на ФЦЦ.
2007 реконструкција на Пупинова куќа.

Општи податоци:
80-950   м.н.в.
41º14'    с.г.ш.
21º35'    и.г.д.
Површина:
35 км2
Жители:
2433
Манифестација:
Вевчански карневал
13-14 јануари
Места:
Маркова стапка
Глечерско Езера:
Локва
Зимски центар:
Јанков камен
1200м
Голина 1900 м
Планина:
Јабланица

Kонтакт:
e-mail:
janakievska.gordana@gmail.com
Информации:
++  38...
www.vevcani.gov.mk


Испечати
Return