18/08/2017

Поставување на светот наопаку

Целото село, куќите се сцена, а сите луѓе се актери или публика. Попладнето, се создаваат две тајфи - горномаалска и долномаалска, кои на сретсело ги покажуваат своите „беснотилаци“, а вечерта одат по куќите и честитаат Нова година


Преданието почнува како и секоја друга љубовна приказна. Најубавото момче, пред да замине на печалба, се свршило со најубавата мома во селото. На печалба, работејќи на висока зграда, паднало и си го унакажало лицето. Кога зимата се враќале кон Вевчани, момчето ги замолило другарите да се маскираат и да си ги сокријат лицата за да може неговата свршеница полесно да свикне на неговиот нагрден лик. Од таа пријателска услуга, настанал  карневалот.

Површина:
35 км2
Број на жители:

2433, 550 домаќинства.

Време: 12/13 јанури
Н. висина: 800-950 м.
Пр. реткости :

Глечерско езеро Локва, Маркова стапка.

Регион: Струга, во југозападниот дел на Македонија.
Стартно место: Средсело

Рута: Горна и Долна мaала, Вевчански извори,

Внимание: Пасошот и „личници“ се купуваат како сувенири.
Тура:  Добредојден секој, со опасност да биде "залиен со ракија и црвено вино".

Варијанта А: За Василица ништо не се случува по сценарио и протокол. Целото село, куќите се сцена, а сите луѓе се актери или публика. Попладнето, се создаваат две тајфи - горномаалска и долномаалска, кои на сретсело ги покажуваат своите „беснотилаци“, а вечерта одат по куќите и честитаат Нова година. Штом се зафати денот, василичарите повторно тргнуваат по куќите на честитање кај сите што се викаат Васил. Попладне, василичарскиот хаос завршува со оро на средсело, кога и се спалуваат маските.

Информации
>> Испечати

>>Фото мапа

>> Фотогалерија
Информации за патувањето
>> Како да стигнете
>> Побарајте водич
>> Побарајте сувенир
Можност за посета
Kонтакт:

janakievska.gordana@gmail.com

Информации:
++  389 070/775025 
www.vevcani.gov.mk

 

Return