СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИД

Легендата вели дека „кога св. Климент стигнал во Охрид, не само што почнал да ги подучува неговите жители на глаголското писмо на светите браќа Кирил и Методиј, туку, гледајќи дека луѓето живеат во колиби покриени со слама и потпрени со диреци, почнал да ги подучува како да градат убави куќи од камен. Прво тој ја соѕидал неговата црква, а потоа сите почнале да ѕидаат убави камени куќи“. Ги учел да садат и да калемат овошки, ги лекувал со тревки и разни растенија, ги подучувал како да избегнат опсади на освојувачки војски.
Површина: |
|
Број на жители: |
|
Време: |
9 август |
Н. висина: |
550-700 м. |
Пр. реткости : |
Плашица |
Регион: |
Охрид |
Стартно место: |
Сараиште |
Рута: |
Внимание: Тура: |
Варијанта А: Климент и Наум на брегот изградиле свои манастири: Климент манастирот Св. Пантелејмон, а Наум подигнал манастир на јужна страна од Езерото. Наум починал во 910 г. и бил погребан во својот манастир. Легендата му гo дала епитетoт Чудотворец. И денес, кога ќе ставите уво на неговиот гроб, (велат дека) се слуша чукањето на неговото срце. Климент починал шест години по својот собрат и погребан е во гробот кој самиот си го подготвил, од десната страна на предолтарниот простор, во неговата црква на Плаошник. | |
|