Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

КИЧЕВО

Девич. Во близина на селото Девич се наоѓаат темели од кале, за кое народот раскажува дека го подигнала некоја кралица по име Дева. По неа и ова село го добило своето име. Кралицата Дева била позната по своето јунаштво. Се раскажува за еден камен што го фрлила од калето и тој паднал на патот, кај местото Парбарас. Секој кој денес ќе го види каменот го фали нејзиното јунаштво.

Китино кале. Градот го добил името по сестрата на Крале Марко, Кита: Кита-Кичаа-Кичево.

Пешна, локалитет од доцно античкиот период во Македонија. На влезот на пештерата постои средновековна тврдина. Остатоците од тврдината се поврзуваат со месноста „Девини кули“ за која легендата вели дека Крале Марко, кој имал 4 сестри, на две од нив им изградил живеалишта во овој предел. Според спелеолозите, Пешна има најголем влезен отвор на Балканот. Oва ремек дело на природата со својата величествена големина, грандиозност и убавина ќе ве остави без здив. Висока е околу 30 метри, а длабока околу 70 метри. Во горниот дел од пештерата нема да видите многу сталактити, но затоа погледот ќе Ви го задржат прекрасните форми направени од самата карпа, а може да видите ендемски вид на лилјаци. Пештерата Пешна во „Њујорк тајмс“ е опишана како идентична на измислените пештери во „Господарот на прстените“. Замокот изграден внатре во пештерата во голема мера потсетува на Хелмс Дип од „Господарот на прстените“.

Маркови камења. Близу до Кичево се наоѓаат два камена, едниот тежок деведесет ока, а другиот седумдесет и пет ока. Овие камења се познати како Маркови камења. Народот вели дека кралот ги фрлил кога одел во Кичево на гости кај сестра си Кита. Таму тој често се истакнувал како јунак со коњ, топуз и со фрлање камења.

Цветино кале. На седум-осум саати оддалеченост од Кичево се наоѓа планината Сува Гора. На оваа планина нема вода, тешко се наоѓа извор. Помеѓу Сува Гора и Шар Планина има едно кале, а пак на Сува Гора има повеќе разурнати темели. Кичевчани раскажуваат дека тука постоел цел град, заграден со кале. Калето се викало Цветино кале, оти тука била мажена Цвета, ќерката на крал Волкашин.

Кнежин манастир. Западно од Кичево се наоѓа едно село со име Кнежино. До селото постои еден разурнат манастир со црква посветена на Пречиста, кој датира од времето на крал Волкашин. Во тоа време Муса Кесеџија сакал да ја грабне кралевата ќерка, Кита, но Крале Марко му се спротивставил. За инат, Муса Кесеџија го запалил манастирот. 

Маркулија, утврдена населба од железно, хеленистичко и римско време. Североисточно од селото, на зарамнет рид, се откриени остатоци од темели од бедем. На локалитетот се среќаваат фрагменти од керамички садови од различни временски периоди и култури, градежен материјал и фрагменти од питоси.

Бифе Крале Марко- На планинскиот превој Стража, на патниот правец Гостивар - Кичево


| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved