Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
Верувале или не ...9


Според верувањето, тој што ќе ја отвори прв со големиот црковен клуч, ќе има среќа и сите желби ќе му се исполнат

Верувале или не... Црквата "Пресвета Богородица" во Шлегово шири спокој и мир во душата на посетителите. Нив, најмногу ги има во недела кога црковните порти се ширум отворени. Многу често се случува, некои од верниците да дојдат уште в зори и да бараат тие да ја отклучат влезната порта на црквата. Според верувањето, тој што ќе ја отвори прв со големиот црковен клуч, ќе има среќа и сите желби ќе му се исполнат. 

Оваа постапка, која е задржана само уште во Тибет, најпознати бртварски локалитети се карпите во Коњух, Градиште, Цоцев Камен, Татомир, Кралица и во Туралево

Верувале или не... Камените бртви во кои се ловат пчелите е најстариот традиционален начин за производство на мед се издлабени дупки во карпите, кои специјално се подготвуваат за мамење и фаќање на пчелите, денес има над 500 бртви. Некои од нив постојат уште од римско време и се' уште се користат. Оваа постапка, која е задржана само уште во Тибет, најпознати бртварски локалитети се карпите во Коњух, Градиште, Цоцев Камен, Татомир, Кралица и во Туралево.

 Според податоците, во лесновскиот крај има 16 скитови околу манастирот.

Според легендата, откако Гаврил се закалуѓерил, престојувал во повеќе испоснички ќелии пред да стигне во скитот на Облово. Тој живеел од млекото на една коза, која точно во определено време доаѓала кај него

Верувале или не... Според легендата, откако Гаврил се закалуѓерил, престојувал во повеќе испоснички ќелии пред да стигне во скитот на Облово. Тој живеел од млекото на една коза, која точно во определено време доаѓала кај него. Стопанот му забележал на козарчето дека козата секој ден доаѓа измолзена, тоа почнало да ја следи и ја открило тајната. Не сакајќи луѓето да знаат каде испостува, тој заминал на планината над Злетовска Река. Неговите мошти ги пронашол некој калуѓер на кого Свети Гаврил му се јавил на сон и му рекол да го пренесе неговото тело во Лесновскиот манастир. Според податоците, во лесновскиот крај има 16 скитови околу манастирот.

 До црквата има остатоци од колективна гробница и стар храм "ротонда" од 6 век , направен од туф, зелен вулкански камен

Меѓу селата Димонци и Конух, се издига Големо Градиште  со издлабени мали одаи, одводи, канализација, резервоар за вода и скали

Верувале или не... Меѓу селата Димонци и Конух, се издига Големо Градиште  со издлабени мали одаи, одводи, канализација, резервоар за вода и скали. На најтешко пристапниот терен, во стрмните карпи направено е светилиште, поголема просторија која има голем влез и прозорец. Под тврдината е црквата "Свети Јован Крстител" изградена во 1955 г, направена на местото каде што е откриен Градот на воините или Златен град. И денес до црквата има остатоци од колективна гробница и стар храм "ротонда" од 6 век , направен од туф, зелен вулкански камен. Се верува дека некаде под водата на Крива Река има влез кој води до некоја тајна соба што се наоѓа во средината на ридот. Таму имало фигура на жена пред која свети вечна светлина.

Трагачи по злато кај Марковата Куќа во село Трновец, во делот за извршување погребални церемонии направиле неколку дупки и откако не нашле ништо, си заминале

Симболите кои се наоѓаат на карпите во целиот предел не се вдлабени со цел да означат богатство туку се македонското културно, историско, уметничко, лингвистичко и филозофско религиозно наследство. Дел од тие знаци се писмо и токму поради овие прастари знаци целиот предел е прогласен за резерват на карпеста уметност

Верувале или не... Трагачи по злато кај Марковата Куќа во село Трновец, во делот за извршување погребални церемонии направиле неколку дупки и откако не нашле ништо, си заминале. Но почнале да им се случуваат лоши работи. Им се сонило дека треба да отидат кај некој оџа за да им каже што им се случува. Тој им кажал дека чепкале во муслимански гробови и ги вознемириле мртвите, мораат да однесат дел од Коранот напишан на мермерна плоча, и да направат sид на местото каде што копале. Симболите кои се наоѓаат на карпите во целиот предел не се вдлабени со цел да означат богатство туку се македонското културно, историско, уметничко, лингвистичко и филозофско религиозно наследство. Дел од тие знаци се писмо и токму поради овие прастари знаци целиот предел е прогласен за резерват на карпеста уметност.






Верувале или не... Цоцев Камен во село Цоцевци на прв поглед е како и секоја друга поголема карпа во Македонија. Но она што се забележува од далеку не е ништо во однос на импозантниот локалитет кој се отвора пред очите, пештери, платоа, базени, остатоци од своевидни скали, седала, камен престол, патеки и ред други знаци покажуваат дека тука некогаш престојувале луѓе. Сите знаци укажуваат дека пештерата некогаш била светилиште посветено на богот на виното и плодноста. Тука племињата што живееле во околина принесувале дарови на боговите. Има знаци на подот на светилиштето кои укажуваат дека даровите се носеле во керамички чинии кои тука и се кршеле. Луѓето оставале еден дел во светилиштето, а другиот го носеле дома за да ја остварат врската со боговите. Дар најчесто било грозјето. На една од карпите има и вдлабено винова лоза и на ова плато се изведувало ритуално капење. Над пештерата има два базени. Водата во дел од церемонијата била пуштана да тече и паѓала точно во пештерата со коритата каде поминувале луѓето и го изведувале ритуалното капење.

продолжува



| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved