Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

 

Свети Наум Охридски – Чудотворец (3.07/20.06)



Меѓу македонските светители Свети Наум спаѓа во оние со насилен култ. Неговиот култ се раширил не само во охридскиот крај каде што светителот живеел и каде што се наоѓа неговиот гроб, каде што се случиле многу чуда, туку и многу пошироко во преспанско, во Албанија, па дури до подунавските земји како Романија и Унгарија. Празникот на Свети Наум отсекогаш бил празнуван многу свечено, со многу народ што доаѓал од многу краишта на поклонение на светителот. Народот често му се обраќал на светителот при разни неприлики, барајќи од него помош. и светителот секогаш им помагал на оние што со искрена верба му се обраќале без разлика на национална и верска припадност.

Ако Свети Климент останал во споменот на народот со својата просветителска и педагошка дејност, со поучувањето на луѓето на многу корисни работи Свети Наум бил запаметен со неговите исцелителни способности. И за време на животот и по смртта тој лечел разни болести. Останало запишано дека најпрвин празникот на Свети Наум се празнувал на денот на неговото упокојување - 5 јануари (н.с.), непосредно пред Божик. Но, поради тоа што тогаш е зима и сите што сакале да дојдат на гробот на светителот не можеле тоа да го сторат, но и поради тоа што верниците се подготвувале за празнувањето на Рождеството Христово, решено е празникот да се префрли во лето на 3 јули. Причините за ова поместување се објаснети во пастирската посланица на охридскиот патријарх Кир Јоасаф и синодот од 21 мај 1740 година.

Легенди и преданија за Свети Наум Охридски Чудотворец


Кога починал Свети Наум, излегол пред Господа. Поради големото добротворство што го правел Свети Наум на земјата Господ го одредил да биде во вечен рај. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што да одговара за Свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир велејќи му: „Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш“. Ете зошто Свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското езеро. На местото на денешниот манастир некогаш биле царски дворци кај што сега се наоѓа манастирот Свети Наум, тука некогаш биле царски дворци, а Свети Наум почнал малку подолу, над селото тушемишта, помалку од еден час далеку, да гради црква и изградил веќе четири ѕида, те и сега таму се познаваат. Царот кој живеел во тие дворци, имал болна ќерка која кој не ја лекувал, па најпосле го повилак Св. Наум и му ветил дека ќе му даде се што ќе посака, само ако му ја излекува ќерката. Свети Наум ја излекувал со молитви кон Бога, па не побарал ниту богатство ниту друг имот туку она место каде што се царските дворци. Царот како што рече, му го даде и тој тука го изградил својот манастир.

Лековитиот извор

Кога Свети Наум го изградил манастирот на сегашното место кај него доаѓал многу народ за помош. Не можејќи да превтаса Свети Наум му се молел на Господа да му даде лек за сите болести. Господ ја послушал неговата молба. Под манастирот во подножјето на големата карпа се отворил извор и потекла лековита вода. Од оваа вода се лекувале сите болести. Тој извор и до ден денеска тече и кај него доаѓаат луѓе да бараат помош за своето здравје со пиење и миење од неговата вода.

Свети Наум и мечката

Едно време, кога орачите од Свети Наумовиот манастир си орале на нивите, има дошла една мечка та им изела еден од орачките волови. Ралото или плужницата им останала со еден вол, та не можеле веќе да ораат. Орачот со трчање дошол в манастирот и му казал егуменотому, оти мечката дошла на нива, та му го изела еднијот вол:

- Сега немам, рекол орачот - со шчо да доорам нивата“.
- Оди си ти на нива, - му рекол егуменот - таму ќе си го најдиш волот на плугот, фпрегнат во јаремот.

Орачот си ошол на нива: Шчо да видит? Чудо големо - мечката, шчо го изела волот фпрегната била на плугот во јаремот заедно со другијот вол. Орачот си доорал нивата со еднијот вол и со мечката до него фпрегната во јаремот.

И ден денеска тоа чудо стојт написано на иконата Св. Наумова и на камењата по стрните од мостот дримски, близу до манастирот.

Грнето со вино

Некој бег од Албанија дошол во манастирот Свети Наум. Со калуѓерот отседнале во најубавата одаја од зградата на карпата над езерото. Јал и пил бегот и почнал да се препира со калуѓерот за тоа дали има или нема господ, живи се, не се светците и слично.

- Со што ќе докажеш оти има господ и дека тие ваши светци се живи и оти прават чуда? - му рекол бегот на калуѓерот.
- Грнево со вино што е пред нас ќе го пуштам одовде од оваа височина в езеро. Ако се истури виното, манастиров е твој, а ако не се истури, твојот чифлик да е манастирски! - му предложил калуѓерот.
- Важи! - се согласил бегот и му подал рака на калуѓерот. калуѓерот го пуштил грнето со вино од прозорецот. Долу го пречекал Свети Наум и го застанал на езерската вода право простум. Бегот достојал на зборот. Својот чифлик му го отстапил на манастирот Свети Наум.

Вечерта на калуѓерот на сон му се јавил Свети Наум и му рекол:
- Јас бев многу далеку кога се кладеше со бегот. Одвај го чув разговорот и долетав. Ако не чуев ќе ме дадеше на турчин. уште еднаш да не се кладиш!.

На јазма

Свети Наум прво дошол кај изворот на јазма, кај тушемишта. Ја благословил водата. Затоа порано, до втората светска војна, игуменот од манастирот Свети Наум пред празникот Свети Наум со котле земаше вода оттука за светење, во која таму се дотураше за потребите на посетителите со соодветен ритуал. Изворот на јазма е култно место. До 1967 година кај него доаѓаа луѓето од поширокото подрачје (тушемишта, поградец, старова и др.) за здравје, и тоа преку цела година, а особено на празникот. А и потоа доаѓаа ѓоа фаќаат риби или со друг изговор. И сега се оди кај овој чудотворен Светинаумов извор на јазма.

Свети Наум и Света Марена - брат и сестра

Кај нас во тушемишта, се вели дека Света Марена му била сестра на Свети Наум. Таа е позната по своите чудотворства. Црквата Света Марена се наоѓа во л’нга на планината мокра. кај неа се наоѓа убава пештера, во која има прекрасни сталактити и сталагмити. Камењата откај Света Марена се многу лековити. Нив луѓето ги чуваат во своите домови, ги носат со себе, а најмногу се познати за заштитување на малите деца од урокливи очи (од зарек). Се става каменот во вода и со таа вода се измива детето.

Братот Свети Наум и сестрата Света Марена на спротивните планини изградиле свои храмови наспроти еден кон друг за постојано да се гледаат. Правилното име на великомаченицата Марена е Марина. Таа е од антиохија. По свирепо мачење на 15 или 16 годишна возраст била обезглавена за христа околу 270 г. Се слави на 30/17 јули. Во народот е позната како огнена Марија зашто била господарка на огнот и заштитничка на посевите од пожари и од поројни дождови.

Од книгата „Чудата на Свети Наум“ од д-р Стојан Ристески, Охрид 2005 г.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved