Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

 Верувале или не...

Византиските нотни записи, во музикологијата познати како ’невми’, се откриени во близина на пештерната црква „Св. Богородица“

Верувале или не... Најстарите македонски музички ракописи се составен дел од Охридската збирка, која содржи 14 ракописи датирани од 10-14 век. Невмите се средновековно нотно писмо, кое му претходи на сегашното нотно бележење на музиката. Црковното пеење според невмите е познато и потекнува од времето на светите Климент и Наум. Во нивните житија тие наведуваат дека своите ученици ги учеле на „псалмопение“, односно црковно пеење. Во рамките на Климентовата школа имало музичка активност, а поновите истражувања укажуваат и на фактот дека постоела и музичка писменост, адаптирана на потребите и можностите на Климентовата школа. Византиските нотни записи, во музикологијата познати како ’невми’, се откриени во близина на пештерната црква „Св. Богородица“ при теренски истражувања.

Македонец, роден во дебарскиот крај. Кога учениците во Цариград на грчки јазик го прашувале што јаде, тој не знаејќи го добро овој јазик, им одговарал дека јаде: "куку - зелје" (куку на грчки е грав, а зелје е македонски збор).Така, неговите другари во шега го завикале Кукузел

Верувале или не... Не се знае кога точно живеел Свети Јован Кукузел. Некои сметаат дека живеел во XI, XII, па дури и во XIV век. Македонец, роден во дебарскиот крај. Кога учениците во Цариград на грчки јазик го прашувале што јаде, тој не знаејќи го добро овој јазик, им одговарал дека јаде: "куку - зелје" (куку на грчки е грав, а зелје е македонски збор).Така, неговите другари во шега го завикале Кукузел и тој прекар му останал. На 15.01.2007 г, во Бигорскиот манастир пристигнаа светите мошти на св. Јован Кукузел. Моштите пристигнаа преку Големата Лавра, манастир на Светото Преображение во Бостон (каде се чува целиот череп, и поголем дел од моштите). Тие се подарок во чест на тоа што во родните краишта на св. Јован Кукузел му е подигнат параклис (во метохот на св. Георгиј Победоносец, во с. Рајчица, дебарско). Веднаш по пристигнувањето, моштите се ставени во чист пчелин восок и вградени во сребрена кутија. На 14 октомври се прославува македонскиот светител Преподобен Јован Кукузел.

Химната на Палестина е напишана 1982 од  Панде Манојлов, новинар и писател од Битола

Верувале или не... Химната на Палестина е напишана 1982 од  Панде Манојлов, новинар и писател од Битола. Песната испеана по трагичните масакри во логорите на Сабра и Шатила, преведена на арапски, станала своевидна химна во арапскиот свет. Палестинецот Абас Абделакрим, студент во Скопје, ја превел и ја објавил во „Ел Талија“ во Кувајт. Оттогаш станала општопозната. 2006 г. во радиото Монте Крало, емисијата за арапски јазик, оваа песна е прогласена за најубава странска песна посветена на Палестина. Панде Манојлов, член на ДПМ и автор на 12 книги поезија и проза, воопшто не знаел за популарноста на неговата песна. ПАЛЕСТИНА ОТКОРНАТА ОД ДУШАТА Додека јаваме на одмаздата,Елен си игра со исушен папрат, Додека јаваме на одмаздата, Во тишината на пустината, Опстојува коренот, Во тишината на пустината, Како одвлечена вода, Смртта кон изгрев не носи, Како одвлечена вода.

Скопје 9 август 1873

Верувале или не... Првата во светот железничка линија е изградена во Англија 1825 г. Од оваа еуфорична "железничка грозница" не беше исклучена ни Македонија. Така да пуштањето на железничкиот сообраќај на железничката пруга од Солун до Скопје на 9 август 1873 година, во должина од 243 км, се смета како датум за почетокот на Историјата на македонските железници. Железничките објекти - станиците, магацините, ложилниците и другите градби од тој период малку се зачувани до денес. Скопје уште тогаш имало две железнички станици. Едната, таканаречената Главна на линијата Солун - Скопје - Митровица, а во 1938 година урната и на приближно тоа место е изградена новата, една од најубавите и најмодерните на Балканот. Втората железничка станица беше таканаречена "Југ" на линијата кон Ниш и блиску до познатата триангла, каде што сега е изграден новиот Транспортен центар - Железничката станица Скопје.

Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во Македонија. На својот наследник, му остава 320 000 фунти злато. Токму со овие средства Јустинијан I тргнува во походи и уште поголеми освојувања

Верувале или не... Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во Македонија. На својот наследник, му остава 320 000 фунти злато. Токму со овие средства Јустинијан I тргнува во походи и уште поголеми освојувања, предизвикува големи градежни зафати, од кои најголемите се токму во родната земја, Македонија. Се градат импозантен број на тврдини, мостови, патишта, манастири и цркви дури и градови (Јустинијана Прима). Основниот ѕидарски слог станал емплектонот: лицата на ѕидот се градат од едри и приделкани парчиња камен додека jадрото на ѕидот се лие од ситен кршен камен со многу малтер. Главно се користи свежо гасена вар коjа цврсто се лепи за каменот и остава броjни шуплини, даваjќи му на ѕидот максимална еластичност. Благодарение на вакви цврсти конструкции, голем броj тврдини останале добро сочувани и низ средниот век, а некои и до наше време и лесно се препознаваат на теренот(Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н)


продолжува...

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved