Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Д-р Станко Л. Караман

Д-р Станко Караман е роден на 8 декември 1889 година во Сараево, Син на Анка Миладинов и на Лука Караман, од Сплит. Расте и се развива во семејство во кое што се негува култ кон природата, неговиот татко е биолог и директор на гимназија. Секако дека таму и тогаш тој започнува внимателно да ја набљудува природата и да ги открива нејзините тајни. Секако дека таму лежат никулците на неговата професионална ориентација.



По завршувањето на гимнзијата, во 1912 година, своето образование го продолжува на Природословниот факултет, група биологија во Загреб па во Неапол. Настаните во Првата светска војна го принудуваат студиите да ги прекине за неколку години, за потоа да дипломира на Природословниот факултет во Загреб. Веднаш работи интензивно врз својата докторска дисертација, чија што тематика се однесува на филогенијата на ципринидните,на краповите риби. Веќе во јануари 1921 година е промовиран за доктор на филозофија. Веднаш е избран за асистент за наука на истиот факултет, ги проучува групите водоземци, влечуга а особено риби. И уште веднаш, во текот на 1921/1922 година, и се представува на научната јавност со три труда од овие фаунистички области.

Тој го проучува класичниот труд на Heclel и Kner, за слатководните риби на Австроунгарската монархија, објавен во 1858 година, на класичните трудови на Берг, за рибите на Русија, објавени во 1912 година, како и трудовите на првите посетители-истражувачи што собирале фаунистички материјал во Македонија уште во времето на Турската империја, на пример, Steindachner, за рибите на Балканскиот Полуостров воопшто, за Македонија посебно, објавени во 1882, 1892, 1895 година, на Ѓорѓевиќ – за планктоорганизмите на големите езера на Балканскиот полуостров, објавени во 1905 година, како и оние сознанија, по природа интуитивен, насетува младиот Караман дека Македонија,од фаунистички аспект, предпоставува мошне важно, мошне интересно, неистражено, оттука и благородно подрачје за работа.

Во потрага по времето кога Д-р Станко Караман за првпат зачекорува тука, на овие наши простори, задржуваме во далечната 1922 година. Историјата вели дека тоа е време кога преку Македонија штотуку поминале вековното османлиско ропство и долгогодишните Балкански и Првата светска војна. Таа е разурната и разнебитена, а нејзиното население на мошне низок речиси никаков степен од развој во сферата на стопанството, образованието, на културата. Во темнината, во буквална смисла на зборот, притиснато од сиромаштијата и болештини, треба да почне да живее во мир и да создава. Доаѓа тој тука на кусо време и се враќа назад на работа во Загреб. Резултатот од тој негов прв престој е, уште во иста година излезениот од печат труд “Прилог кон херпетологијата на Македонија”. Во него, за прв пат, се обработени систематски 19 видиви амфибии и рептили меѓу кои што е еден нов подвид.

Вториот пат Д-р Стнко Караман доаѓа во Македонија веќе следната 1923 година. Како афирмириран научен работник поканет е од тогашното Хигиенско одделение при Министерството за народно здравје, да помине тука 6 месеци за, како што велитој “да ги проучи овдешните води, во врска со сузбивање на маларијата”. Крстосува по Македонија, ги пребарува нејзините истечни води, езерата, мочуриштата, оризиштата. Ги бара маларичните комарци, единствените пренесувачи на опасната болест маларијата.

Оди по маларичните станици, собира податоци за болеста, за болните. И веќе наредната, во 1924 година, тој го објавува својот труд “Анофелитна Македонија и нивното сузбивање”. На 4 страници ќе ја одреди систематската припадност на 5, наместо дотогаш познати 3, видови маларични комарци, ќе даде клуч за нивната детерминација, во детаљи ќе ја опише нивната биологија и ќе предложи мерки за нивно сузбивање. Меѓудругото ќе ја навести и можноста за уништување на ларвите на маларичните комарци со внесување на мали риби, како што се Rhodeus Paraphoxinus, во мали, стагнантни води каде што ги нема. Тоа е кај нас прва промоција на биолошки, еколошки и економски метод на рационален метод на борбата на човекот со штетните за него инсекти.

Овој свој престој во Македонија Д-р Станко Караман ќе го искористи и да го задоволи својот основен интерес, да ја изрази својата неограничена и постојана до крајот на неговиот живот, љубов кон истражувањата на слатководните риби. Прави солидна колекција и ја обработува. Истата, 1924 година, ќе излезе во Сплит монографијата Karaman, S. 1924. Pisces Macedoniae. Derzeit am institut Z. Erforschung und Beksampfung D. Malaria, Trogir (Dalmatien) Split. Тоа е капитален труд врз кој што ќе се базираат сите натамошни истражувања на ихтиофауната на Македонија. Меѓу 45-те видови, подвидови, односно форми, што предходните истражувачи и самиот тој ги регистрираат во нашите води, неговото остро око ќе оддели 16 и ќе ги опише како нови за науката. И денес таа номенклатура, со името на нивниот детерминатор Караман, е во употреба. Давајќи пак, преглед на слатководните риби на Јужен и на Западен Балкан ни се представува и како врвен познавач на ихтиофауната на целиот Балкански Полуостров. Тогаш ќе отпочне, а понатаму и ќе ја реши загатката на распространувањето на рибите од егејската област, објаснувајќи ги историските патишта на населувањето на водите на овој полуостров со рибите, респективно, со целокупниот жив свет во нив.

Овие два престоја во Македонија ќе одлучат Д-р Станко Караман да го напушти своето работно место асистент на Загребското свеучилиште и да дојде тука на постојана работа. Назначен е за паразитолог во тогаш основаниот Завод за тропски болести во Скопје. Неговата задача е јасна, треба да бие битка со пренесувачите на маларијата и со хелминтите – црвените паразити кај човекот. Тој секако коректно и одговорно си ја извршува службената задача и веќе 1926 година го објавува своето соопштеније “Хелминтијазата во Скопје” - Helminthiasis (Helminthiasis). Во него меѓу другото ќе информира дека од 1.208 прегледани 836 се позитивни, или 69,2% се “заразени” т.е. инвадирани со цревни болести.

Меѓутоа тој не се запира само на службен ангажман. Крстосувајќи по Македонија ги согледува особеностите и убавините на нејзината фауна и се нафрла врз нејзиното проучување. Страствен колекционар, до крајот на својот живот, постојано, во џепот од палтото, носеше флакон – за да собере нешто интересно што патем ќе го сретне – зошто “утре, на тоа исто место нема да го најдете”. Така ги постави темелите на колекционерската дејност кај нас. Колекционира, обработува повеќе фаунистички групи, меѓу кои се птиците и лилјаците, и објави резултати. Иако модерниот и актуелен термин “биодиверзитет” му бил непознат, никој кај него тогаш, тука, неможел да го свати тоа јасно, толку чисто, длабокото значење на долготрајното решавање на проблемот на разновидоста на природата. Тој практично цел свој живот му го посветил нему.

Немирен дух. Тој има своја визија, своја концепција за организација на оваа негова дејност со која штое е преокупиран. Презема чекори и успева. Есента 1926 година донесен е официјален закон за оснивање на Зоолошки музеј, /Зоолошки музеј у Скопљу, ”Јужни Преглед” 1, 1928, 222./ камен – темелник на денешен Природонаучен музеј на Македонија /Зоолошкиот музеј во периодот 1927-1938 г. провизорно бил сместен во зградата на тогашниот Просветен дом каде што располагал со две простории/. Неговата визија е јасна: тоа треба да биде институција во која што ќе се одвиваат организирано и систематски колекционарската, научничка, истражувачката, издавачката и изложбената дејност, при што, последната ќе биде директно во функција на издигањето на образованието, односно на културното ниво на народот. Засложува восхит начинот на кој што тој ја реализира својата визија; од оснивањето па се до 1941 година е сам, единствен научен работник, со само еден препаратор и уште едно техничко лице.

Музејот го започнува својот живот во сегашниот градски парк, во тогаш питорскниот павиљон, при неговиот излез. Потоа, ќе се сели по потрага по подобри, поосодветни услови за работа. Неговиот протагонист колекционира материјали, ги обработува сам или ги праќа на обработка на познати и признати стручњаци од цела Европа, со кои е во постојана коресподенција. Се појавуваат голем број трудови што ги објануваат особеностите на живиот свет, посебно фуната на Македонија. Голем број од пручуваните материјали го добија своето име според нашата земја, според нејзините реки и езера, планини. За возврат, пак, Д-р Станко Караман добива на обработка материјали од Европа, од Северна Африка. Посебно значајнa за овој период е истражувачката дејност што ја започнуваат во пештерите на Македонија: Петар С. Јовановиќ (1893-1957) Станко Л. Караман (1889-1959) и Војислав С. Радовановиќ (1894-1957). Во овој поглед, до II Светска војна се истражени 14 пештери и 6 пропасти. Првиот претседател на Македонското спелеолошко друштво, се д-р Зора Караман и доајенот на македонската спелеологија, д-р Душан Манаковиќ.


Во контекстот на својата научноистражувачка дејност Д-р Станко Караман прави уште еден пионерски чекор: ги започнува истражувањата на подземната фауна. Какви необични, какви чудесни форми наоѓа длабоко во песокот, во подземните води. Непознати за науката воопшто. Резултатите од своите истражувања ги објавува главно, во научното списание "Гласник на Скопското научно друштво”, чиј што уредник е од 1937-1941 година. Но, неговото име е присутно и во Меѓународните списаниа. Во музејот Д-р Станко Караман ги постави основите на музејските трезори, депоа-места во кои што грижливо се чува музејскиот материјал-доказ за постоење на еден живот во едно време. И пак прв пат во нашата историја, на овие наши простори, на широк круг луѓе ќе почне да им предствува дел од нашето природно богаство. Отворени се музејски изложби. Во една од просториите на питорескниот павиљон, покрај ѕидовите, застаклени витрини. Во нив на неколку нивоа, наредени експонати – препарина животни. Нивниот број е скромен. Во централниот дел на салата хоризонтално поставена мала стаклена витрина. Во неа препарирана змија среде камења. Тоа е првата поставена диорама во нашиот Музеј. И пак уште една идеја и нејзина реализација: на посетителите на Музејот и на Градскиот парк да им се овозможи да посматраат диви, живи животни во природна средина. Така тогаш, се поставуваат темелите и на Зоолошката градина во Скопје. Според можностите, започнато е автохтоноата фауна. Сведочат за тоа писмата- благодарници, што Д-р Станко Караман им ги праќа на ловџиите за подарени волци.

На овој тесен дел од градското подрачје, каде што постојано престојува, превзема уште една фантастична иницијатива: врз неплодна, мочурлива почва, што нескротливиот вардар од време на време ја плави, изграден е вториот Градски парк. Прекрасен природен парк на површина од 120 хектари, создаден од семе од автохтона флора: обична широка врба - ракитка, црна топола, бела пирамидална топола. Подоцна, насади од гледичија и акација. Под нивните крошни сенки, водна свежина пријатна секогаш, особено во скопските изгор-лета. И долги, посипани со чакал патеки, во рустик стил дрвени мовчиња и дрвени клупи кои ги имавме до пред десетина години. Раскажуваше: ”За да го подигнеме паркот - му крадевме на Вардар метар по метар од неговото корито”.

Во 1934 година Д-р Станко Караман се жени со Зора Валес, дипломиран биолог. Набрзо ќе стасаат синовите Младен и Гордан и ќерката Биљана. Сите тројца во иднина ќе станат биолози. Д-р Зора Караман, пак, неговиот верен животен придружник, станува постојан надворешен соработник на Музејот и дава особено знашителен допринос во проучувањето на ентомофауната на Македонија. Како професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, во нашево минато, таа ќе се истакне посебно во заштита на растенијата, посебно шумите, кај нас.

Во 1941 година, поради настаните во Втората светска војна, Д-р Станко Караман, со своето семејство го напушта Скопје. Заминува за Крагуевац, а потоа за Смедерево. Во 19 година се сели во Сплит, а во 1950 година во Дубровник. Каде работи во Биолошкиот институт на Југословенската академија на знаности и уметности.

Меѓутоа во 1952 година, тој му се враќа на својот музеј во Скопје. Во понапреднато ниво, со работно и животно искуство, со несвојствен ентузијазам, се вклучува во сите активности на Музејот, кој сега работи во нови простории. Особено интензивно изведува фаунистички истражувања врз рибите, амфиподите и водоземците. Собира околу себе млади, штотуку дипломирани биолози и стрпливо ги учи и воведува во маѓепсаниот свет на науката. Музејот станува едно од јадрата во Македонија во кои што ќе се развива нашата млада биолошка наука. Пофторно ја активира издавачката дејност. Од 1953 година започнува издавањето на списаниетоа “ACTA” и “Fragmenta balcanica” До ден денес според неговата концепција, во нив се објавуваат резултатите од пручувањата на флората и на фауната на Македонија и на околните региони. Се заложува преперирањето на животните и имитирањето на природата во изложбите на Музејот да бидат изведувани до перфекција. Оттука и неговата постојана грижа за стручно оспособување на препаратскиот кадар. Таа грижа ќе се пренесува и понатаму, во подоцнежните години од што ќе резултира фактот Музејот да стане центар во кој што ќе се обучуваат препараторите од сите музеи на просторите на поранешна Југославија.

Како Председател на Научниот совет на заводот за рибарство на Република Македонија, покрај насоките при концепирање програми за работа, се грижи за развој на млади научни кадри. Инсистира добиените резултати брзо да му се соопштат на светот. Покренува издавање на две научни списанија: “Изданија” и “Folia balcanica”. Наметнува брзо темпо на работа: еден труд во печат, друг во машина- е неговата препорака. Во 1957 година, на негово барање, е пензиониран. Меѓутоа, неговата активност, во рамките на неговите можности, продолжува и натаму, се до 17 мај 1959 година, кога по едно долготрајно, исцрпувачко боледување, си отиде засекогаш од нас.

Ни остави, зад себе свој опус од 108 единици печатени научни трудови, од повеќе фаунистички групи, што се база во понатамошните истражувања. Сепак, опишувајќи скоро 60 нови видови, подвидови и форми риби го согледуваме како еден од најголемите ихтиолози, а опишувајќи нови 120 видови и подвидови изоподи и амфиподи и како еден од најгоемите карционолози на Блканот. Ни остави од неговото време од него колекционизиран материјал. Тој грижливо се чува во депоата или во изложбата на Музејот. Оставил Д-р Станко Караман и други материјални траги на коишто наидуваме и коишто не потсетуваат на неговото битисување тука, на овие наши простори и меѓу нас.

Оние, пак, што имаа можност, би кажале среќа, да го запознаат и да бидат покрај него, го носта во мислите со љубов, се сеќчаваат на него со пиетет. Го помнат како извонреден човек, скромен, со скромни барања за поседување материјални добра. Главната нишка на смислата на животот е работата, творештвото. Поимот годишен одмор не му бил познат, ниту него ниту на неговите деца, додека ги подигнувал. Неговиот одмор бил во функција на работата. Според неговите критеријуми не е добро ниту имаш мирен сон, зошто “проблемот треба да те гризе”. Оттука е неуморен во работата. Бештеден кон себе, бескомпромисен и строг во барањата кон своите деца и кон своитесоработници одговорно и на време ги извршуваше своите задачи.Едноставен во комуникацијата кон луѓето, пријатен и драг соговорник. Сето тоа што тој ни го остави нам, го сметаме за аманет. Затоа, секојпат, а особено при повод кога се одбележува јубилје врзан за неговото работење, должни сме да се сетиме на втемелувачот на Музејот и основоположувачот на фундаменталната и на апликативната биологија во Македонија , Д-р Станко Караман.




Посебна благодарност за текстот на Д-р Огњенка Поповска-Станко издаден по повод 70-години на Природонаучниот Музеј на Македонија.

1. Karaman, S. 1921. Beiträge zur Herpetologie von Jugoslavien ( Kroatien, Slavonien und die benachbarten adriatischen Inseln ).-Glasnik der Kroat. Naturwiss. Ges. Zagreb, 33: 193-208, 2 figs.

2. Karaman, S. 1922. Über eine neue Cobitis- Art aus Jugoslavien, Cobitis balcanica n. sp.- Glasnik der Kroat. Naturwiss. Ges. Zagreb, 34 (3): 1-4, figs. 1-2.

3. Karaman, S. 1922a. Beiträge zur Herpetologie von Mazedonien.- Glasnik der Kroat. Naturwiss. Ges. Zagreb, 34 (3): 1-22.

4. Karaman, S. 1922b. Über unsere Bombinatorarten- Glasnik der Kroat. Naturwiss. Ges. Zagreb, 34: 63-70.

5. Karaman, S. 1923. Über die Herkunft der Süsswasserfische unseres Karstes.- Glasnik Zemaljskog muzeja u Bosni i Hercegovini, Sarajevo, 35: 163-176.

6. Karaman, S. 1923a. Die phylogenetische Bedeutung der Schuppen- und Wirbelzahl bei Cypriniden.- Glasnik Zemaljskog muzeja u Bosni i Hercegovini, Sarajevo, 35: 183-190.

7. Karaman, S. 1924. Anofeli Makedonije i njihovo suzbijanje.- Glasnik Ministar­stva narodnog zdravlja, Beograd, 1924.

8. Karaman, S. 1924a. Pisces Macedoniae.- Hrvatska stamparija, Split, pp. 1-90 (autorovo izdanje).

9. Karaman, S. 1924b. Cobitis balcanica Kar., die vierte europäische Schmerlenart.- Blätter für Aquarien- und Terrarienkunde Stuttgart, 35: 293-294, 3 figs.

10. Karaman, S. 1925. Komarci Dalmacije i njihovo suzbijanje.- Glasnik Ministarstva narodnog zdravlja, Institut za proucavanje i suzbijanje malarije Trogir, Split, pp. 1-40.

11. Karaman, S. 1926. Helmintiaza u Skoplju.- Glasnik Ministarstva narodnog zdravlja, Beograd, 13: 192-194, 2 pls..

12. Karaman, S. 1926a. Salmonidi Balkana.- Glasnik Skopskog naucnog drustva Skoplje, 2 (1-2): 253-268, figs. 1-4.

13. Karaman, S. 1928. Pregled zooloske literature Balkana I.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, knj. 2, 1928.

14. Karaman, S. 1928a. III Prilog herpetologiji Jugoslavije.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, Odelenje prirodnih nauka, 4 (1): 129-143, figs. 1-7.

15. Karaman, S. 1928b. Pregled zooloske literature Balkana II.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, Odelenje prirodnih nauka, 4: 207-216.

16. Karaman, S. 1928c. Prilozi ihtiologiji Jugoslavije I.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, Odelenje prirodnih nauka, 6 (2): 147-176, figs. 1-5.

17. Karaman, S. 1928d. Ptice okoline Skoplja.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, Odelenje prirodnih nauka, 6 (2): 177-211.

18. Karaman, S. 1929. O slepim misevima Jugoslavije.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, Odelenje prirodnih nauka, 9: 217-221.

19. Karaman, S. 1929a. Über einige neue Fische aus Jugoslavien.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 80 (5/6):171-173.

20. Karaman, S. 1929b. Beiträge zur Kenntnis der Amphipoden Jugoslawiens.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 85 (9/10): 218-225, figs. 1-4.

21. Karaman, S. 1929c. II. Beitrag zur Kenntnis der Amphipoden Jugoslaviens.-Glasnik Zemaljskog muzeja u Bosni i Hercegovini, Sarajevo, 41 (1): 83-100, figs. 1-9.

22. Karaman, S. 1929d Die Potamobiiden Jugoslaviens.- Glasnik Zemaljskog muzeja u Bosni i Hercegovini, 41 (1): 147-150, figs. 1-7.

23. Karaman, S. 1930. Crustacea Amphipoda. In: Beier, M. (ed.): Zoologische Forschungsreise nach den Jonischen Inseln und dem Peloponnes, XI. Teil.- Sitzungsberichte der Akademie der Wissenschaften in Wien, Mathem.-naturw. Klasse, Abt.1, 139 (3-4): 283- 290, figs.1-2.

24. Karaman, S. 1931. Über die Synurellen Jugoslaviens.- Prirodoslovne rasprave, Prirodoslovna sekcija Muzejskega drustva za Slovenijo, Ljubljana, 1: 25-30, figs. 1-2.

25. Karaman, S. 1931a. III. Beitrag zur Kenntnis der Amphipoden Jugoslaviens, sowie einiger Arten aus Griechenland.- Prirodoslovne Razprave, Prirodoslovna sekcija Muzejskega drustva za Slovenijo, Ljubljana, 1: 31-66, figs.1-11, 1 pl.

26. Karaman, S. 1931b. Gammarus cari n. sp. aus Westjugoslawien.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 94 (9/10): 265-268, fig. 1.

27. Karaman, S. 1931c. Ribarstvo na Katlanovskom jezeru. [Die Fischerei am Katlanovo-See].- Zbornik za etnografiju i folklor Juzne Srbije i susednih oblasti, Skopsko naucno drustvo, Skoplje, 1: 23-28, 3 figs.

28. Karaman, S. 1931d. 4. Beitrag zur Kenntnis der Süsswasser-Amphipoden.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Odelenje prirodnih nauka, Skoplje, 9 (3): 93-107, figs. 1-6.

29. Karaman, S. 1931e. Zoološke prilike Skopske kotline.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Odelenje prirodnih nauka, Skoplje, 10 (4): 214-241, figs. 1-3.

30. Karaman, S. 1932. 5. Beitrag zur Kenntnis der Süsswasser-Amphipoden (Amphipoden unterirdischer Gewässer).- Pri­rodoslovne razprave, Prirodoslovna sekcija Muzejskega drustva za Slovenijo, Ljubljana, 2: 179-232, 25 figs.

31. Karaman, S. 1933. Neue Isopoden aus unterirdischen Gewäs­sern Jugoslawiens.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 102 (1/2): 16-22, figs. 1-2., Leipzig, 1933.

32. Karaman, S. 1933a. Microcerberus stygius, der dritte Isopod aus dem Grundwasser von Skoplje, Jugoslawien.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 102 (5/6): 165-169, figs.1-2.

33. Karaman, S. 1933b. Über zwei neue Amphipoden, Balcanella und Jugocrangonyx, aus dem Grundwasser von Skoplje.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 103 (1/2): 41-47, figs. 1-2.

34. Karaman, S. 1933c. Novi prilozi poznavanju nasih salmonida.- Ribarski list, Sarajevo, 7 (9-10): 1-3.

35. Karaman, S. 1933d. Prilozi ihtiologiji Crne Gore.- Ribarski List, Sarajevo, 8 (9-10): 1-3.

36. Karaman, S. 1933e. Dva nova izopoda grupe Asellus iz Jugos­lavije.- Zbornik Radova posvecen Zivojinu Gjorgjevicu povodom njegove sesdesetogodisnjice, Beograd, pp. 103-113, figs. 1-3.

37. Karaman, S. 1934. Die Bathynelliden von Skoplje.- Mit­teilungen über Höhlen- und Karstforschung, Stuttgart, pp. 26-30, figs.1-3.

38. Karaman, S. 1934a. Beiträge zur Kenntnis der Isopoden-Familie Microparasellidae.- Mitteilungen über Höhlen- und Karstforschung, Stuttgart, pp. 42-44, figs. 1-2.

39. Karaman, S. 1934b. Weitere Beiträge zur Kenntnis griechischer Süsswasser-Amphipoden.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 105 (7/8): 215-219, figs. 1-2.

40. Karaman, S. 1934c. Über asiatische Süsswassergammariden.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 106 (5/6): 127-134, figs. 1-4.

41. Karaman, S. 1934d. VI. Beitrag zur Kenntnis jugoslawischer Süsswasseram­phipoden.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 107 (11/12): 325-333, figs. 1-4.

42. Karaman, S. 1934e. Weitere subterrane Aselliden aus Jugos­lawien.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 108 (1/2): 23-26, 2 figs.

43. Karaman, S. 1935. Rivulogammarus gauthieri, n. sp., nouvel Amphipode dulcaquicole d'Algerie.- Bulletin de la So­ciété. d'Histoire Naturelle de l`Afrique du Nord, Al­ger, 26: 47-53, figs. 1-2.

44. Karaman, S. 1935a. VII. Beitrag zur Kenntnis der Süsswas­seramphipoden.- Zoologischer Anzeiger, Leipzig, 110 (5/6): 125-130.

45. Karaman, S. 1935b. Die Fauna der unterirdischen Gewässer Ju­goslaviens.- Verhandlungen der. Internationalen Vere­inigung für theoretische und angewandte Limnologie, 7: 46-73, figs. 1-5.

46. Karaman, S. 1936 10. Prilog poznavanju slatkovodnih riba Jugoslavije.- Glas­nik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, 17: 55-64, 6 figs.

47. Karaman, S. 1936a Ein Stenasellus aus dem Grundwasser von Skoplje, St. gjorgjevici skopljensis n. subsp.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Sko­plje, 17:137-141, 3 figs.

48. Karaman, S. 1937. 11. Beitrag zur Kenntnis der Süsswasserfische Ju­goslaviens.- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, 18: 131-139, 3 figs.

49. Karaman, S. 1937a. Fauna Južne Srbije.-Spomenica dvadeset­petogodisnjice oslobodjenja Juzne Srbije 1912-1937, Skoplje, pp. 161-179, figs. 1-5.

50. Karaman, S. 1939. Über die Verbreitung der Reptilien in Ju­goslavien.- Annales Musei Serbiae Meridionalis, Sko­plje, 1 (1): 1-20.

51. Karaman, S. 1939a. Vipera ursinii Bonap, treca otrovnica iz Juzne Srbije.[ Vipera ursinii Bonap., die dritte Giftschlange Südserbiens]- Glasnik Skopskog naucnog drustva, Skoplje, 20: 165-166, 1 fig.

52. Karaman, S. 1940. Die unterirdischen Isopoden Südserbiens.- Glasnik Skopskog nauc­nog drustva, Skoplje, 22: 19-53, figs. 74-91.

53. Karaman, S. 1943. Über Serbische Niphargiden.- Srpska Kraljevska Akademija, Posebna izdanja, knj.135, Prirodnjacki i matematicki spisi, knj. 34, Ohridski Zbornik, Beograd, 3: 1-22 (141-160), figs. 1-31.

54. Karaman, S. 1943a. Die unterirdischen Amphipoden Südser­biens.- Srpska Kraljevska Akademija, Posebna izdanja, knj.135, Prirodnjacki i matematicki spisi, knj. 34, Oh­ridski Zbornik, Beograd, 4: 1-152 (161-312), figs. 1-215.

55. Karaman, S. 1948. Ornitoloska opazanja na reci Jadru kod Splita.- Larus, Zagreb, 2: 56-58.

56. Karaman, S. 1948a. Ornitofauna Vardarskog parka u Skoplju.- Larus, Zagreb, 2: 95-101.

57. Karaman, S. 1948b. Prilog herpetologiji sjeverne Srbije.-- Odjel za prirodne i medicinske nauke, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjetnosti Prirodoslovna istrazivanja, Zagreb, 24: 3-29, figs. 1-13.

58. Karaman, S. 1948c. O muzjacima izopoda Stenasellus skopljensis. - Odjel za prirodne i medicinske nauke, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjetnosti, Prirodoslovna istrazivanja, Zagreb, 24: 3-10, figs. 1-4.

59. Karaman, S. 1949. Prilozi ornitofauni nasih primorskih kra­jeva.- Larus, Zagreb, 3: 188-195.

60. Karaman, S. 1949a. Ornitofauna Skopske kotline.- Larus, Za­greb, 3: 196-280.

61. Karaman, S. 1949b. Problemi poribljavanja Ohridskog jezera.- Ribarski List, Sarajevo, 3 (5-6): 5-7.

62. Karaman, S. 1950. Niphargus smederevanus n. sp. iz Severne Srbije.- Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 1-9, 21-25, figs. 1-14.

63. Karaman, S. 1950a. O jednom nifargusu iz nasih mocvara. -Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 11-20, 26-32, figs. 1-12.

64. Karaman, S. 1950b. Amfipoda Male Azije I.-Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 33-46, figs. 1-18.

65. Karaman, S. 1950c. Novo nalaziste Niphargus jovanovici Karaman.- Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 47-50, figs. a-d.

66. Karaman, S. 1950d. Niphargus ilidzensis Schaeferna i njegovi srodnici u Jugoslaviji.- Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 51-86, figs. 1-40.

67. Karaman, S. 1950e. O nasim malim vrstama rakusaca iz roda Niphargus.- - Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 87-100, figs. 1-13.

68. Karaman, S. 1950f. Dve nove vrste podzemnih amfipoda Popova polja u Hercegovini.-- Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 101-118, figs. 1-24.

69. Karaman, S. 1950g. Podrod Orniphargus u Jugoslaviji.I. Deo.-- Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 119-136, 145-156, 160-167, figs. 1-61.

70. Karaman, S. 1950h. Podrod Orniphargus u Jugoslaviji, II Deo.- Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 137-146, 156-159, 168-174, figs. 62-82.

71. Karaman, S. 1950i. Neogammarus rhipidiophorus Catta iz podzemnih voda Jad­ranske obale.-- Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 175-186, figs. 1-15.

72. Karaman, S. 1950j. Dva azelusa iz Hercegovacko-Dalmatinskog krsa. -- Srpska Akademija Nauka, Posebna Izdanja knj.158, Odelenje Prirodno-matematickih nauka, Beograd, 2: 187-212, figs. 1-34.

73. Karaman, S. 1950k. Novi amfipodi podzemne faune Grcke.[ Neue Amphipoden der unterirdischen Fauna Griechen­lands]- Rad, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjet­nosti, Zagreb, 280 (Odjel za prirodne i medicinske nauke), 3: 106-114, figs. 1-20 (pp.43-50, figs. 1-20).

74. Karaman, S. 1952. Über einen neuen Asellus aus dem Grund­wasser Südwest--Deutschlands.- Nachrichten des Natur­wissenschaftlichen Museum der Stadt Aschaffenburg, 34: 59-69, pls. IX-XI.

75. Karaman, S. 1952a. Podrod Stygoniphargus u Sloveniji i Hrvatskoj.- Odjel za prirodne i medicinske nauke, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjetnosti, Prirodoslovna istrazivanja, Zagreb, 25: 3-38, figs. 1-62.

76. Karaman, S. 1952b. Niphargus hvarensis n. sp. iz podzemnih voda ostrva Hvara.- Odjel za prirodne i medicinske nauke, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjetnosti, Prirodoslovna istrazivanja, Zagreb 25: 39-44, figs. 1-9.

77. Karaman, S. 1952c. Prilozi poznavanju nifarga Hercegovine i juzne Dal­macije.- Odjel za prirodne i medicinske nauke, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjetnosti, Prirodoslovna istrazivanja, Zagreb, 25: 45-55, figs. 1-15.

78. Karaman, S. 1952d. Asellus aquaticus L. i njegove podvrste na Balkanu.- Odjel za prirodne i medicinske nauke, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjetnosti, Prirodoslovna istrazivanja, Zagreb, 25: 57-86, 58 figs.

79. Karaman, S. 1952e. Amfipoda i Izopoda Vranskog jezera na ostrvu Cresu. - Odjel za prirodne i medicinske nauke, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjetnosti, Prirodoslovna istrazivanja, Zagreb, 25: 87-95, 3 pls., figs. 1-12.

80. Karaman, S. 1952f. 12. Prilog poznavanju slatkovodnih riba Jugoslavije.- Odjel za prirodne i medicinske nauke, Jugoslavenska Akademija Znanosti i Umjetnosti, Prirodoslovna istrazivanja, Zagreb, 25: 117-128.

81. Karaman, S. 1953. Die Aselliden des Ohridsees.- Glasnik bi­oloske sekcije ( Periodicum biologorum), Hrvatsko Prirodoslovno Drustvo, Zagreb, ser. II/ B, T. 4-6 (1950-1952): 46-76, figs. 1-66.

82. Karaman, S. 1953a. Über eine Vertreter der Ordnung Ther­mosbaenacea (Crustacea Peracarida) aus Jugoslavien, Monodella halophila n. sp.- Acta Adriatica, Split, 5 (3): 1-22, figs. 1-24.

83. Karaman, S. 1953b. Über die Jaera-Arten Jugoslaviens.- Acta Adriatica, Split, 5 (5): 1-20, figs. 1-34.

84. Karaman, S. 1953c. Pontokaspijski amfipodi u fauni Jugoslavije [ Pontokaspische Amphipoden der Jugoslavischen Fauna].- Acta, Musei Macedonici Scientiarum Maturalium, Skopje, 1 ( 2 ): 21-60, figs. 1-61.

85. Karaman, S. 1953d. Über subterrane Amphipoden und Isopoden des Karstes von Dubrovnik und seines Hinterlandes. - Acta, Musei Macedonici Scientiarum Naturalium, Skopje, 1 ( 7 ): 137-167, 47 figs.

86. Karaman, S. 1954. Nasa podzemna fauna [ Über unsere un­terirdische Fauna]. - Acta, Musei Macedonici Scien­tiarum Naturalium, Skopje,1 ( 9 ): 195-216, 21 figs.

87. Karaman, S. 1954a. Über die jugoslavischen Arten des Genus Monolistra ( Isop.).- Acta, Musei Macedonici Scien­tiarum Naturalium, Skopje, 2 (6): 125-143, figs. 1-44.

88. Karaman, S. 1954b. Die Niphargiden des slovenischen Karstes, Istriens sowie des benachb. Italiens.- Acta, Musei Macedonici Sceintiarum Naturalium, Skopje, 2 (8): 159-180, figs. 1-48.

89. Karaman, S. 1954c. Über die jugoslavischen Stenasellus-Arten.- Fragmenta Balcanica, Musei Macedonici Scien­tiarum Naturalium, Skopje, 1 (2): 6-20, figs. 1-26.

90. Karaman, S. 1954d. Beitrag zur Kenntnis der unterirdischen Mollusken- Gattung Lanzaia Brusina 1906.- Fragmenta Balcanica, Musei Macedonici Scien­tiarum Naturalium, Skopje, 1 (5): 36-41, 2 pls.

91. Karaman, S. 1954e. Über die Bathynelliden Jugoslaviens.- Fragmenta Balcanica, Musei Macedonici Scien­tiarum Naturalium, Skopje, 1 ( 8 ): 69-78, figs. 1-18.

92. Karaman, S. 1954f. Weitere Beiträge zur Kenntnis der Mi­croparaselliden Mazedoniens, das Genus Microcharon Kara­man.- Fragmenta Balcanica, Musei Macedonici Scientiarum Naturalium, Skopje, 1 ( 12): 107-114, figs. 1-9.

93. Karaman, S. 1955. Über einige Amphipoden des Grundwasser der jugoslavischen Meeresküste.- Acta, Musei Macedonici Scientiarum Naturalium, Skopje, 2 ( 11 ): 223-242, figs. 1-51.

94. Karaman, S. 1955a. Asellus cavaticus Schiödte und seine Nachstverwandten.-Acta, Musei Macedonici Scientiarum Naturalium, Skopje, 2 (12/23): 1-40, figs. 1-127.

95. Karaman, S. 1955b. Die Fische der Strumica (Struma-System).- Acta, Musei Macedonici Scientiarum Naturalium, Skopje, 3 (7/29): 181-208, figs. 1-7, 1 pl.

96. Karaman, S. 1955c. Über eine neue Microcerberus- Art aus dem Küstengrundwasser der Adria.- Fragmenta Balcanica, Mu­sei Macedonici Scientiarum Naturalium, Skopje, 1 ( 16 ): 141-148, figs. 1-15.

97. Karaman, S. 1955d. Jedna retka zmija, Eryx jaculus turcicus Oliv.- (Eine seltene Schlange, Eryx jaculus turcicus Oliv.). - Fragmenta Balcanica, Musei Macedonici Scientiarum Naturalium, Skopje, 1 (21): 181-184, figs. 1-4.

98. Karaman, S. 1956. III. Beitrag zur Kenntnis griechischer Niphargiden.- Zavod za ribarstvo na N.R. Makedonija, Skopje, Fo­lia Balcanica, 1 (1):1-8, 9 figs.

99. Karaman, S. 1957. Eine neue Ingolfiella aus Jugoslavien, Ingolfiella petkovskii n. sp.- Zavod za ribarstvo na N.R. Makedonija, Skopje, Folia Balcanica, 1 (7): 35-38, 1 fig.

100. Karaman, S. 1957a. Pastrmke reke Radike [ The Radika river trouts].- Zavod za ribarstvo na N.R. Makedonija, Skopje, Folia Balcanica, 1 (10): 57- 70, 4 figs.

101. Karaman, S. 1958. Weitere Beiträge zur Kenntnis der Amphipoden und Isopo­den Jugoslawiens und Griechenlands.- Bioloski Glasnik, Zagreb, 11 (1-4): 11-22, 27 figs.

102. Karaman, S. 1959. Uber die Ingolfielliden Jugoslawiens.- Bioloski Glasnik, Zagreb, 12 (1-2): 63-80, 44 figs.

103. Karaman, S. 1959a. Uber eine neue Microcharon-Art (Crust., Isopoda) aus dem Karstgebiete der Hercegowina. -- Acta Zoologica Academiae Scientiarum Hungaricae, Budapest, 4 (3-4): 333-338, 9 figs.

104. Karaman, S. 1959b. Über eine neue Art und Unterart der Gattung Bogidiella (Crust., Amphipoda) aus Jugoslawien.- Acta Zoologica Academiae Scientiarum Hungaricae, Budapest, 4 (3-4): 339-348, 22 figs.

105. Karaman, S. 1959c. Uber eine neue Unterart von Niphargus tauri (Schellenberg), n. ssp. osogovensis aus Ju­goslawien.- Istanbul Universitesi Fen Fakultesi, Istanbul, Hidrobiologi, serie B, 4 (4):170-175, figs. 1-12.

106.Karaman, S. & Karaman, G. 1959. Gammarus (Fluviogammarus) triacanthus Schaferna, argaeus Varga und roeselii Gervais am Balkan.- Zavod za ribarstvo na N.R. Makedonija, Skopje, Izdanija, 2 (9): 183-211, figs. 1-54, 1 pls.

107. Karaman, S. & Karaman, G. 1959a. Beitrage zur Kenntnis der Niphargiden Bulgariens.- Acta, Musei Macedonici Scientiarum Naturalium, Skopje, 6 (7): 143-162, figs. 1-29.

108. Karaman, S. 1960 Niphargus pancici Karaman, seine Systematik und Verbre­itung.- Istanbul Universitesi Fen Fakultesi, Istanbul, Hidrobiologi, serie B, . 5 (1-2): 55-52, 9 figs.

109. Karaman, S. 1960a. Weitere Beitrage zur Kenntnis der Jugoslavischen Niphargiden.- Glasnik Prirodnjackog Muzeja, Beograd, ser. B, 15: 75-90, 19 figs.

Биолози во фамилијата на Станко Караман

Лука Караман таткото на Станко Караман
Др. Станко Л. Караман
Др. Зора Караман сопругата на Станко Караман (родена Валес)
Др. Билјана Караман ќерка на Станко Караман

Др. Младен Караман син на Станко Караман
Др. Спасенија Караман сопруга на Младен
Др. Невена Караман Јуруковски ќерката на Младен
Др. Владо Јуруковски зетот на Младен
Др. Иво Караман синот на Младен
Маг. Маја Караман снаата на Младен

Др. Гордан Караман син Станко Караман
Божана Караман сопруга на Гордан
Др. Весна Караман - Кастро, ќерка на Гордан
Маг. Марко Караман син на Гордан

Врсти посветени на Станко Караман

Baglivia karamani Kuščer 1936 (Gastropoda)

Lyhnidia karamani Hadzisce 1956 (Gastropoda)

Gammarus stankokaramani G. Karaman 1976 (Amphipoda) Microcharon karamani (Pesce & Tete, 1979 (Isopoda)

Niphargus stankoi G. Karaman 1973 (Amphipoda)

Niphargus stygius karamani Schellenberg, 1935 (Amphipoda) Stygothrombium karamani Viets 1932 (Hydrocarina)

Diacyclops karamani (Kiefer 1932) (Copeopoda)

Parastenocaris karamani Chappuis (Copeopoda) itd.

Rhipidogammarus karamani Stock 1971 (Amphipoda)

Austroniscus karamani Birstein, 1962 (Isopoda)

Limnocythere karamani Petkovskii 1962 (Ostracoda)

Stylopauropus karamani Remy, 1962 (Pauropoda)

Steganacarus karamani Tarman, 1962 (Oribatida)

Genus: Karamaniella Sket, 1962 (Amphipoda).


научен труд за Станко Караман од д-р Симо Георгиев

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved