|
ТРПЕИЦА - Бермудски триаголник

Тука се спојуваат сите убавини на едно место: бистра вода, мистични плажи, автентични ресторани, највкусно ѓомлезе...Иметото на селото доаѓа од зборот “трпеза”, аџиите кои, додека оделе кон Свети Наум, застанувале во селото и им оддавале почит на аскетите преку поставување на трпеза. Интересни места: Во стрмиот рид над заумскиот засек живееле двајца браќа. Едниот имал многу овци, а другиот само една коза. Една квечерина се скарале околу "пасиштето". Караницата прераснала во тепачка. Алата од Галичица ги зафатила и ги влечкала до брегот, разбивајќи ги од црвената карпа што и ден денес се гледа на средина на "Бермудски триаголник". Крвавиот камен - така се вика карпата - стои како вечен спомен на караницата на браќата.
Еден од најатрактивните локалитети во близина е Надол, попознат како Заливот на Прчот. За ова место, каде се пронајдени артефакти од бронзеното време, е врзана интересна локална легенда. Во заливот, кој е многу стрмен, редовно доаѓало стадо кози, предводено од единствениот прч во стадото, за да пие вода од езерото. Најубавата коза од стадото се лизнала и паднала во длабоката вода и се удавила. Прчот, според локалните приказни, доаѓал на тоа место секој ден. Така заливот го добил името. Да потсетиме: 10 милиони години, најстаро езеро во Европа. X-VIII в.п.н.е, први неолитски населби. IX и X век центар на писменост, 3500 ученци. 1980 културно-историска и природна вредност, евидентирана во УНЕСКО. Јагулата се мрести во Саргасово море и по трогодишно патување се враќа во охридските води. Слатководниот тркалезен сунѓер е природно богаство на овие води. Salmo Letnica, е еднемска форма која живее исклучиво во Охридско Езеро. |
|
Општи податоци: 695 м.н.в. 41º07' с.г.ш. 20º48' и.г.д. Тектонско езеро: ширина 14,8 км должина 30,8 км длабочина 289 м провидност 25 м површина 358 км2 17 автохтони видови, 80 извори кај Св. Наум, истекува во Црни Дрим. 21 мај: Ден на езерото 20 јануари: Ден на рибарите Галичица: Национален парк- 1958г.
|
| Kонтакт: |
| contact@kralemarko.org.mk |
Испечати |