Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
МАРКОВ ГРАД МАТКА

МАРКО ЛЕГЕНДА

РАКАТА НА МАРКО МАТКА

ФРЕСКА ОД МАРКОВ МАНАСТИР СКОПЈЕ

МАРКО ЈУНАК

ПАРИТЕ НА МАРКО 14 В

МАРКОВА НОГА ДОЛНО ДУПЕНИ ПРЕСПА

МАРКОВИ КУЛИ ПРИЛЕП

МАРКО

... Марков град во Матка е тврдина на доцноантички провинции.

... Ѓурѓовден е ден на женидбата на Крале Марко.

... На манастирот Св. Андреа во Матка има отпечатоци од раката на Крале Марко.

... Во Марков манстир, село Сушица и Св. Архангел во Варош, Прилеп се наоѓаат фрески со ликот на Крале Марко.

... Маркова пештера, во село Сопиште ја пробил Марко и во неа се засолнил заедно со својот коњ Шарец.

... Во Народната банкана Македонија , Музејот на Стара чаршија во Скопје и Галеријата на Охридска Банка можете да ги видите парите од периодот на Крале Марко.

... На 60 години, на 17 мај 1395 во Ровине Унгарија, Крале Марко загинал во битка, по 24 годишно владеење.

... Прилеп нема улица со име Крале Марко.

... Кај изворот Студена водица, се гледа едната стапалка на Крале Марко, а под врвот Брзовец Тресончани другата стапалка, двете се на растојание од 2-3 км.

... Тој има коњ Шарец кој му бил најдобар другар против другите коњи и Турци.. / школски опис на Крале Марко /

... Марковите кули во Прилеп, се изградени во истиот период како и некои викиншки тврдини во Скандинавија.

... Маркова нога, село Долно Дупени е најјужната точка на Македонија, се наоѓа на 21 степен 07 минути од екваторот.

... Во Охрид кај Св. Еразмо во Маркови кшти, Марко ги чувал бочвите со вино. Една од бочвите се истурила и одтогаш тие стени се црвени.

... Во Марковата пештера, на Бабуна има црква од 11 век а во неа живеле монаси и аскети.

... На планинскиот превој Стража, на патот Гостивар – Кичево се наоѓа бифето Крале Марко.

... Во село Драдња постои пештерна црква Св. Никола, позната како Маркова Црква, еднокорабна градба составена од приземје и кат, со полукружен свод од кршен камен и делкан бигор.

... Марковата куќа, во село Трновец е пештера со стол на кој седел Марко. Столот е измазнет и проѕирен од кожите со кои Марко бил наметнат, постои и посебно место за стомните од кои пиел вода.

... Златното руно било засолнето во една пештера кај Маркова река во село Сушица.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved