Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Дојран - легенда за името на градот и езерото

Во Втората половина на XIV век Турците османлии од Мала Азија своите освојувачки походи ги продолжиле на Балканскиот полуостров. Тогаш, во тоа време во Македонија владееле браќата Мрначевиќи (Углеша и Волкашин). Двете војски, македонската и турската во 1371 година на п. Марица војнички се судриле. Во таа битка македоската војска била поразена. Патот на Турците османлии и бил отворен за продирање и освојување на Македонија. Според пишувањето на Кирил Хаџидинев во книгата "Дојран", издадена во Софија 1960 година, градот "Полин" бил освоен во зимата 1371/72 година од турскиот војсководец Евренос-бег. За освојувањето на градот меѓу народот се раскажува следнава легенда:

Војската на Евренос-бег дошла на исток помеѓу планините Беласица и Круша. Било зима, а езерото замрзнато и покриено со дебела снежна покривка. Изгледало како големо рамно поле. По наредба на Евренос-бег војската минува преку "полето" на запад и стигнала до градот Полин. Од некои наши граѓани турската војска била пречекана чудејки се од каде дошла. Евренос-бег објаснил дека дошол од кај "полето", покажувајки кон езерото. Од населението било објаснето дека тоа не е "поле" туку езеро, замрзнато езеро и покриено со снег и изгледа како поле. Одкако бегот разбрал дека среќно поминал преку езерото со својата војска и наоружувањето што го носел, наредил да се направи голема гозба за вијската и граѓанството. Се јадело и се пиело три дена и три ноќи. Кога бегот ке ги прашал гостите дали се задоволни од гозбата тие му одговарале со "дојурмак" што значи најадување до наситка. Дојран не нагости, не засити. Од тие зборови легендата вели дека произлегува името Дојран.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved