Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Машка народна носија Прилепско

Машката носија во Прилепско - Битолското Поле ја сочинуваат бројни облеки: аба - од бела тенка волнена ткаенина, кошула од платно со везени украси, џамадан од црна клашна, појас ткаен од темно црвена волна, како и ресачка - горна облека од црна клашна, долга до колена. Специфичност на носијата од овој регион е употребата на скутина - унечка, како составен дел на машката носија. Зимската машка носија е сета од волнена валана ткаенина шаек, порано во бела, потоа во црна, а како моден тренд, особено за помладите, во темноцрвена боја. Бројните облеки што влегуваат во составот на оваа носија - минтан, елек, џамадан, бечви - украсени со црни оптоки, се дополнуваат со разнобојниот пругасто - шарен волнен појас. На нозете се носат волнени, плетени чорапи и кожни чевли, а на главата шубара од јагнешка кожа. Постои легенда дека скутина-унечка, како составен дел на машката носија почнала да се носи од времето на Крале Марко бидејќи тој налутен од нивната неактивност во војувањата на сите им дал по една скутина зошто се бореле како жени.

Легенди за слонот

Дека природата ваја исклучителни дела доказ е атрактивната карпа на слонова глава, создадена од две природно споени карпи во археолошкиот комплекс Маркови кули. Познатиот истражувач Роберт Рипли го претставил како мало чудо на природата. Камениот слон, кој на некои им личел и на штрк, е висок околу осум метри и поставен на карпест постамент во подножјето на кулите. Од слонот, Прилеп се гледа како на дланка. Тоа упатува на можноста дека жителите од древните населби Варош и Маркови кули биле активно вклучени во духовниот и материјален живот врзан за слонот. Заедно со околните гробови во карпестите површини, може да се заклучи дека тој простор и слонот биле култно место за повеќе ритуали. На повисокиот дел од карпата се препознава издлабена камара во која се' уште се видливи остатоци од фрескоживопис. За жал, не може да се открие кој е светецот на фреската, бидејќи е сериозно оштетена. Луѓе што имале направено лоши дела доаѓале до слонот, во камарите секогаш полни со вода на миење раце и лице за да се исчистат. Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Штири жени се вртеле околу слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота за да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад.
Сочувана е  приказната од некој варошки бербер со прекар Богомилецот дека околината на слонот била вртилиште на богомилите, бидејќи во Варош било развиено богомилството. Затоа, населбата Варош потоа прераснала во христијански центар со 77 храмови. Богомилецот дури го споменувал и присуството на дедо Богомил на простори околу слонот. Легенда оди дотаму што зборува дека Ханибал ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон по освојувањата на Рим.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved