КРУШЕВО - највисок град на Балканот

Крушево е познато како највисока градска населба на Балканот, седиште на првата република на Балканот.
Интересни места: Една од најпрепознатливите крушевски специфики–тесните улички поплочени со камен и калдрма, и специфичната архитектура во која превладува каменот, дрвото и „крушевско сината” боја на фасадите, крушевска пита, комитски ќебап, познатите крушевски колбаси, традиционални слатки–целувки и познатиот крушевски локум. Се уште работат неколку занаетчии–кондураџии, бочвар, дрводелец, неколку златари, калајџија. Сеуште рачно се ткаат: јамболии и батании; се плетат и везат: перници, пердиња, милиња, чаршафи; кои се дел од традицијата, обичаите и културното наследство на ова поднебје.
Да потсетиме: 1467 Првите податоци за градот. 1769 Се доселуват првите Власи. 1832 црква Свети Никола 1903 10 дена република. Председател Никола Карев. 1903 -1973 Никола Мартиноски 1966 Ликовна колонија. 1981 роден Тоше Проески |
Испечати |