 |
Верувале или не... Планетата е стара 4.5 милијарди години а Македонија пред десетина милиони години била савана. Во неа владеела тропско-суптропска клима, што значи дека било потопло и попријатно за живот отколку сега. |
|

|
Верувале или не... Охридското езеро е старо меѓу 3 и 10 милиони години, а на неговото дно се наоѓаат остатоци од вулканска маса од вулкани во Италија кои биле активни пред 50000 години. Езеро во минатото било пониско за 50 метри од сегашното. Истражувањата за Преспанското езеро, покажаа дека неговото ниво се одржува стабилно во последниве 50.000 години. Токму тука се наоѓа врската помеѓу овие две езера. |
|

|
Верувале или не... Грамадите наречени Маркови Кули ги сочинуваат многубројни, разновидни мали денудациони форми кои преставуваат извонредна фина скулптура на релјефот, интрудирале пред околу 300 милиона години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 720 милиона години. Подоцна на овој дел од теренот создадени се Некои од овие комплексни геоморфолошки облици имаат џиновски размери со тежина до неколку стотини тони. |
|

|
Верувале или не... Македонија има 8 фамилии, 76 родови и досега се регистрирани 201 вид пеперутки. Од нив, 174 се присутни во долината на Треска. Во леденото време, пред милиони години, кога почнале да се топат мразовите, пеперутките нашле прибежиште во долината на Треска, каде што имале услови да се сокријат од неповолните атмосферски услови. |
|

|
Верувале или не... Има ли народ во светот што името со милениуми си го носи по својот бог Македон ? Тоа се само Македонците и државата Македонија. Во митолошките сфери се објаснува дека татко на Македон е самиот врховен бог Зевс што од небото ги ѕиркал најубавите жени и со нив оставил бројно потомство на богови и божества. |
|

|
Верувале или не... „Породинска куќа" претствува најстар надземен храм на светот. Најстарите сведошта за архитектонските поединечни и групни волуменско - просторни композиции во вид на наколни живеалишта се во Дојранското, Охридското, Преспанското и другите езера, како и неолитските континентални и островски населени места кои го афирмираат големиот степен на развиток на цивилизација. Светилиштата во вид на “Камени Столици” (“Долмени”) од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани и комплексот од разновидни долмени од “Штерпа” близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од “Милисин” на подножјето на Кожуф Планина се само непобитни праисториски сведоштва за континуитетот и разновидноста на материјалната култура. продолжува |