|
Во чест на исцелителот, Свети Наум - Охрид

Се верува дека Св. Наум исцелителот, особено на душевно болните, и денеска исцелува. Во манастирот Св. Наум Охридски, со многуброен народ и гости, се одбележува празникот во чест на упокојувањето на овој светец. Тоа е најпосетуван празник во охридскиот крај. Со осветување на вода, кревање на лебот и точење на топла ракија, Охриѓани го чествуваат Св. Наум, подготвувајќи се за Божиќ, Василица и Водици. Луѓе доаѓаат во манастирот и за летниот празник кој е воведен во 18. век со одлука на Цариградската Патријаршија.
| Површина: |
|
| Број на жители: |
|
| Време: |
5 јануари (зимски) и 3 јули (летен) |
| Н. висина: |
550-700 м. |
| Пр. реткости : |
Изворите на Црн Дрим |
| Регион: |
Охрид. |
| Стартно место: |
Свети Наум |
|
Рута: Крстарење со ручек во Хотел Св.Наум |
|
Внимание: Ноќно крстрење и Коктел забава. Враќање во Св. Наум кога забавата ќе заврши. Тура: Погледнете во длабочините на Охридското Езеро и за момент вратете се во минатото со новиот аранжман со бродот „Св.Наум“ |
|
Варијанта А: Климент и Наум на брегот на Езерото изградиле свои манастири: Климент над градот го изградил манастирот Св. Пантелејмон, а Наум подигнал манастир на спротивната, јужна страна од Езерото. Наум починал во 910 г. и бил погребан во својот манастир. Легендата му гo дала епитетoт Чудотворец. И денес, кога ќе ставите уво на неговиот гроб, (велат дека) се слуша чукањето на неговото срце. Климент починал шест години по својот собрат и погребан е во гробот кој самиот си го подготвил, од десната страна на предолтарниот простор, во неговата црква на Плаошник. | |
|