Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

СКОПЈЕ

Марков стол, Матка. Погранична тврдина меѓу териториите на доцноантички провинции. Марко спровел вода и се бранел од турските напади.

Маркова воденица, Матка. Ветер-воденица-кула, деноноќно оддржувана.

Маркова нога, Матка. Станува збор за природно оформена карстна дупка близу с. Ивање. Според преданието настаната е со удар од копитото на Шарец кога овој скокнал на планината. На местото се наоѓаат доцноантички куќи од II век.

Маркова рака, Матка. На двете страни на фасадата на манастирот Св. Андреја во Матка се наоѓаат отпечатоци од раката на Крале Марко.

Манастир Св. Димитрија (Марков манастир). Сушица. Фреска со ликот на Крале Марко и татко му Волкашин. Во преданијата се раскажува дека црквите и манастирите се заштитувани од некаква натприродна сила која не дозволува да бидат уништени, или пак, набргу по оштетувањето биле обновувани. Така, во преданието Маркова црква се раскажува за Турчинот кој сакал да ја расипе црквата, т.е. да земе дрво од неа, и бил скаменет.

Маркови кули. Летевци, римско и доцноантичко градиште. Се наоѓа југоисточно од селото, на три км од местото каде Пчиња се влева во Вардар. Станува збор за остатоци од одбранбени бедеми, во чија околина се пронајдени фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На исток се откриени доцноантички гробови.

Маркови кули-Град. Чрнче збег на источниот крај на Водно, врз стрмен гребен и Вардар во подножјето.Откопани се делови од обѕидето и 7 кули, цистерните за вода, делови од водовод од керамички тубули, бања, други градби. Истата може да се смета како висока стража, збег, дворец.

Маркова кула, кастел-градиште. Чучер, Давина – југозападно од Чучер над реката Лепенец и патот Скопје-Качаник на врвот .Во внатрешноста има зачувани остатоци од старохристијанска базилика и други објекти. Северно се протега јадрото на градот со две тераси, на ѕидовите со кули. Во центарот има форум со многу јавни и приватни градби во него. Северно од градиштето лежи некропола.

Маркови кули-град. Кожле, лежи пред устието на Пчиња во Вардар. На седлото ерозијата разголила низа стари гробови. Во средниот век ова место било феудален замок, кралска тврдина, управувана од кефалија. Се граничела со имот на црквата св. Никола на Пчиње, вѕидана делумно во една пештера, југоисточно лежи друга пештера чиј влез имал арка горе, украсена со керамодекорација. Тоа бил скит /испосничка ќелија/

Маркова трпеза, скопско, зарамнина на падините на Водно за која во народот се зборува дека некогаш била место со меана.

Марково кале, Малчиште, градиште, опидум од римско, доцноантичко време. Се наоѓа на еден километар оддалеченост од Марковиот манастир. Се забележуваат одбранбени ѕидови, темели од површински објекти, а во околината се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал и питоси.

Маркова Сушица, населба од неолитско, бронзено и железно време. Се наоѓа на десниот брег на Умовска Река, кај нејзината утока во Маркова Река. Откриени се фрагменти од керамички садови.

Марков манастир, Сушица. Десно од јужната врата на манастирот е вѕидана бела мермерна арка со латински натпис од доцноантичко време.

Маркова пештера. Оваа пештера се наоѓа на патот за с. Сопиште. Народот раскажува дека неа ја пробил Крале Марко и во неа се засолнил заедно со својот коњ Шарец.

Марков град, Матка, доцноантичка и средновековна тврдина – кастел. Се наоѓа над црквата Св. Андреја. Постарата тврдина е од 5-6 век, а останатото е од втората половина на 14 век. На локалитетот се гледаат остатоци од средновековна тврдина, станбен објект и други помали објекти.

Маркови кули
, Водно, доцноантичка утврдена населба. Остатоци од одбранбен ѕид со кули и порти се откриени на источниот крај на падините на Водно. Во внатрешниот дел на акрополот има темели од повеќе објекти, меѓу кои најзначајни се две големи цистерни за вода.

Маркова пештера, Водно. Оваа пештера се наоѓа на патот за с. Сопиште. Народот раскажува дека неа ја пробил Крале Марко и во неа се засолнил заедно со својот коњ Шарец.

Маркова кула, Чучер Давина, римско и доцноантичко кастел-градиште. Се наоѓа три километри југозападно од Чучер, на јужниот крај на Качаничка Клисура, над реката Лепенец и патот Скопје-Качаник. Највисоко е акрополот со двоен појас од одбранбени ѕидови, подигнати од камен и варов малтер. Во внатрешноста се откриени остатоци од старохристијанска базилика и други објекти. Јадрото на градот се протегало северно од акрополата и во него е откриен квадратен форум со многу јавни и приватни градби. Северно од градиштето има некропола.

Марково крувче, на врвот на Водно, некаде пред Втората светска војна истата изгоре.

Маркова река, 41° 23' 60 N, 22° 37' 60 E, јужно од селото Сушица, се наоѓа Марковиот манастир со манастирска црква Св. Димитрија. Во составот на манастирот има стари конаци и други згради.

Марков манастир, прво висококвалитетно македонско вино и ракија на Сковин. Добиено е од регионот на Маркова река во околината на Скопје. Името го добиле токму по локалитетот од каде што потекнува грозјето.

Маркоа меана, има една меана што се вика Ајдар-баба од Турците, а од рисјаните се вика Маркоа меана. Во старо време, коа бил Марко при татка си во Скопје, уште во детинството си излегуал на тоа место и си играл со децата.

Маркови кули, градилиште село Летевци - Кастел од римско и доцноантичко време (град Кожле).

Жителите на село Драчево имаат легенда за името на најголемиот рид во околината-Марков рид. Оваа легенда се пренесувала од колено на колено. Македонскиот јунак над јунаците, личност од многу легенди, не победливиот јунак со сабја и топузина - Крале Марко, дочул дека лугето измислиле нови страшни орузја: бомби, пушки, топови. Јунаштвото, више станало минато и луѓето се убивале од многу далеку. Јунакот Марко многу се разочарал од ова, па дури и се подисплашил. Го јавнал својот крилест Шарец и тргнал во потрага на место, каде ќе се прикрие додека лошите луѓе, се уништат сами себе, заедно со страшното оружје. Избрал еден голем рид и го бележал со голем камен крст а исти такви крстови расфрлал и по околните ридишта. Под ридот ископал голема скривница во која можеби и ден-денес живее со својот кон. Старите луѓе од овие краишта велат дека некогаш кога немало многу возила и врева, тие што ќе се нашле во близината на Марковиот рид во тивките ноќи, можеле да чујат како Шарецот го вика Марко да му даде сено, тропајќи со потковицата во некој камен.


| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved