Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

ЖИВ Е МАРКО

Александро, Јанкула и Марко три мина беа; тија трите вода има пијено. Една планина така се одврваше, и тија зеа вода отамо, и ненаше за ни умирачка.

Александро имаше две сестри. На Александро водата му ја испијаа сестри му. От стра Александро, коа тој бара водата испеја, тија влегоа на морето, се сториа риби; на полојна риба, на полојната човек. Умре Александро.

Јанкула  и Марко живи се, ама не и знае никој човек дека се. Дур не се промени дуњата, не може да излезе. Само еден човек од Прилеп бил при ни.

Одеше на Стамбол тој човек: се скршил пампуро и вој фатил една греда, па пливај, пливај, пливај.. Гредата го извадила на една земја; пули еден оган горе и оди тамо, и најде тамо Марка и Јанкула. Тамо вечераа и Марко го пита човеко: - Одеа си ? – От Прилеп, оти расипвате ? Вели – “Јас Прилеп ќе видиш ош еднаш“, си рече чоеко. И легна да спије. Марко го кладе на којно човеко, го пушчи во полето близко до Прилеп. Коа се разбуди чоеко, пули: орачи да орај, оде по п’то, му вели на орачите и пита: - “Које село е воа тамо ?” - Зар нет е пули?- вели, “воа е Прилеп.” – “Дека бе сношти ? Дека су дошол ?”

И отиде у Прилеп. Му каза тамо на каурите и на Турците : - “Чешмите да и напраите ! Жив е Марко !” Шета со којно по којно по кандеермите, тук, тук… Го чува една баба и вели: - “Марко тамо си шета”… И напраиа чешмите.
 

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved