Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

МАРКОВ МАНАСТИР- Манстир Св. Димитрие 

За изградбата, обновата и живописувањето на манастирскиот храм зачуван најстар сигурен извор од времето на крал Марко, испишан на црковнословенски јазик на наосот над јужниот влез. Од него се дознава дека црквата, посветена на светиот великомаченик Димитрија, започнала да се гради од В’лкашин, а се обновила и се живописала во во времето на кралот Марко-првородениот син на крал В’кашин, од тогашните врвни зографи од Солун и Охридската архиепископска престолнина.
Број посетители:

неограничен.

Време: до 17 часот
Н. висина: 700 м.
Реткости :

Релаен начин на тешка човечка драма-фреска “Плачот на Рахела”.

Регион: Скопје.
Икони:

Елена  Драгаш го дарувала и монашкото братство на Марков манастир со пет икони за иконостасот во црквата св. Димитрија, со  желба, монаштвото во задолжбината на Крал Марко да ја комеморира во  црквата  годишнината на нејзиниот татко и да се споменува неговото име во литургиската служба  заедно со името  на Крал Марко.

Книги: Марков манастир бил еден од најзначајните културно просветни и книжевни центри во минатото, книгите од манастирската библиотека се буквално разграбени а истата судбина ја доживеале и голем број на уметнички предмети, кои се чувале во манастирската црква. Според досегашните сознанија, ракописи по потекло Марковиот манастир има во:  Државниот историски музеј во Москва  /Хлудовата збирка/, Виенската национална библиотека, Хрватската академија за наика и уметност Загреб, Српаската академија на науките и уметностите, Белградска библиотека /Стара збирка/ и Државната библиотека во Софија. 

Внимание: Скопската епархија за црковно-народен собор предвидела програма и ручек за гостите во манастирот
Тура:  Добредојден секој, со опасност да биде "залиен од вино и богата трпеза".

Варијанта А: Од десната страна на манастирот, во  цел раст е прикажан Кралот Марко облечен во кралска облека, во боја печен окер, украсена со бисери и бесценети камења. Тој во левата рака држи развиен свиток на кој е испишан текстот; ”Во Христа Бога благодарен Крал Марко, го соѕидав и живописав овој божествен храм”. Од другата страна над вратата во  цел раст е преставен Кралот В’кашин. Во рацете и тој држи свиток на кој се споменува неговото име: ”Во Христа Бога благодарни Крал В’кашин …”

Информации
>> Испечати
>> Фото Мапа
>> Фотогалерија
Информации за патувањето
>> Како да стигнете
>> Побарајте водич
>> Побарајте сувенир
Можност за посета
E-Mail:

janakievska.gordana@gmail.com

Повеќе информации:
| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved