|
ВОДОКРСТ ОХРИД

На Водици 19 ЈАНУАРИ кога крстот се фрлаше во казан во црквите, на поп Смиљан, му го земаа крстот и ноќта го фрлаа во езерото кај Сараишче, а следниот ден рибарите го бараа во водата. Сето тоа беше добро организирано за попот да се прави дека некој без негово знаење го украл крстот. Откога ќе завршеше церемонијата, пак тајно крстот се враќаше во црквата и сите се правеа дека ништо не знаат.
| Површина: |
256 км2 |
| Број на жители: |
55749, 28.437 домаќинства. |
| Време: |
19 и 20 јануари |
| Н. висина: |
550-700 м. |
| Пр. реткости : |
Плашица |
| Регион: |
Охрид. |
| Собирно место: |
19 јануари Пристаниште 20 јануари Сараишче |
|
Рута: 19 јануари 9.30 Света Богородица Каменско, Чаршија, Пристаниште / специјалитет топла ракија 20 јануари 10,00 Свети Јован Канео, Свети Никола Геракомија, Сараишче |
|
Внимание: На тој ден најхрабрите скокаат во езеро. Тура: Добредојден секој, со опасност да биде "залиен со вино и плашица и грунци". |
|
Варијанта А: 20 ЈАНУАРИ на Свети Јон, Традиција почнава со утринско миење со езерска вода, рибарите ги фрлаат мрежите, симболично го означија крајот на забраната за лов на риба фрлијќи се во охридските води. По собирањето во црквата „Свети Никола Геракомија“, поворката пеејќи ја „Војордание“ и носејќи го вчера осветениот крст, се упатуваат кон охридското пристаниште. Најхрабрите скокаат во езерските води, на тој начин посакувајќи здравје, среќа и бериќетна година за охридските рибари. | |
|