Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Гостивар

Според една легенда, денешното име градот го добил за време на владеењето на Волкашин. Тој на сите свои деца им изградил „градови“ (тврдини). На пример, на ќерката Кита и изградил тврдина во Кичево, наречена „Китин Град“ (Китинград), а на Цвета и изградил кале на Сува Гора наречена уште и „Цвета Гора“, каде што имало многу цркви и манастири. Манастирите во „Цвета Гора“ имале свои чифлици во Горни Полог (Гостиварско). Градот Гостивар тогаш бил место на Сувогорските манастири. Манастирските луѓе често ги посетувале чифлиците кај Гостивар, каде што добро биле гоштевани. Легендата вели дека по „гостувањето“ и населбата била наречена Гостивар. Во средниот век градот бил многу посетуван од гости од сите краишта, а во летните денови по традиција, секоја година се одржувал голем трговски собир (панаѓур). Ваквата традиција продолжила и за време на Турската империја. Поради големата посетеност на населбата од луѓе од други краишта, гости, турците меѓу себе, на турски, често викале „гостивар“ (гости има). Тогаш во градот имало и многу гостилници, па се претпоставува дека „гостољубивиот град“ односно „градот на гости“ станал -Гостивар. Инаку етимолошкото значење на топонимот во науката сеуште не е утврдено. За време на турското владеење населбата почнала да се развива во значајно седиште на Горни Полог, наречен уште и Горна Нахија. Населението од околните рамничарски и ридско-планински села почнало да се преселува во централната населба, со што таа почнала и да расте. Во 1659 година, богатиот Мехмед-паша изградил џамија среде населбата, а околу неа подигнал и училиште и бања, а подоцна и карван-сарај и дуќани. И богатиот Агу Беќир-бег во Гостивар изградил џамија и училиште, што се наоѓале на местото на денешната Саат-кула.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved