Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
ДЕВИЧ - место со најубави мажи

обичај носење кули 

Баба ми ми велеше дека на ридот, од врвот каде што е кулата се до долу каде што покрај реката Треска се нивите со пченка и со тутун имало скали. Кај последната скала некогаш постоела чешма на која се миела Дева, а веднаш до неа било скриено азното, златото на Крали Марко кое го чувало некое животно.
Интересни места:

Во Девич се прераскажува и легендата за Девичини кули. Според неа, во нив живеел Драгоман, чичкото на Крали Марко. Еден ден кај него дошло на поседок некое девојче. Кај чичко си на гости дошол Крали Марко, па кога видел колку е убаво девојчето го таксал за жена. Но налетале Турците и го грабнале убавото моме. Никој не знаел каде исчезнало, па нејзиниот татко, Крали Марко и чичко му Драгоман го бареле по течението на реката викајќи "Дево девице, јави се каде си" и така кулите над реката го добиле името Девичини, а подоцна и селото по нив било наречено Девич. Селото и сега живее како во легендите.

Да потсетиме:

На теренот има многу траги од карпеста уметност
Палеолитски камени и коскени артефакти кај Голема Пешт
Во Овчарска планина има коски, керамика и орудија со непознат период
Локалитет Пешна, гробница, од 5 в
Тврдина од 5 в. на влезот од пештерата
Вулканскиот куп „Кале” ритче „Венец” крепост од 6 в. со 9 кули
Висока стража на Кале од 10 в
„Девини Кули” 13—14в. Градот Девич
Месноста „Кале зад дабјата, Миткороен”
Месноста „Кале на Столоватец”.
Град Растеш, вулкански куп „Кула”
Месноста „Градец”, Ижиште
Град Иж. Град Модриче
Рид „Марково Кале”.
Крепост на Марково Кале.
Под селото, кај црквата на Пречиста, остатоци на Модричкиот манастир од 14 в
Модричката тврдина.
Остатоци од 13 воденици, остатоци од 3 цркви
Леарница за железо.
Белица, рудничка крепост и збег
Црква "Свети Ѓорѓија" - изградена во 1948 г


Општи податоци:
550 - 2.100 м.н.в      
41° 33'   с. ш. 
21º13'    и.г.д.
Распространетост:
478 км2
Пештери:
Ѕингало, Над црква,
Девина пештера, Занда,
Пешна, Леандра,
Кротеничка пропаст,
Бијеш, Крапски понор, Змејовица, Слатинска, Овчарска, Пурало,
Извори:
Асаноец, Пешна,
Девички ливаѓе,
Сл. Извор,
Крапски извори.
ПЛАНИНИ:
Бушова планина,
Песјак,
Солунска Глава,
Боро поле,
Добра Вода
Река:
Треска,
Девичка река,
Слатинска река,
Сланска река,
Река Крапа,
Белешничка река.
Солени  извори:
еден на Сланска река
и во село Слатина две каптажи.

Kонтакт:
e-mail:
janakievska.gordana@gmail.com

ПОРЕЧЕ превземи
| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved