Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

ПОСТИЛ МАРКО ПОСТИ ВЕЛИКОИ


Постил Марко пости великои,
седем поти лебец ми каснало,
от киниса в црква на причесна,
Не ми одит по рамни друмови,
ток ми одит из гора зелена:
А от гора лисје попаднале.
Изговори Марко Крале:
-А, горице, зелена горице !
Аљ ти огон корен изгорело,
иљ ти врше слана попарило ?
Одговори зелена горица:
-Ај, ти тебе, незнајна делијо !
Не ми корен огон изгорело,
ни ми врше слано попарило,
Шо не одиш по рамни друмови,
токо врвиш из гора зелена.
Шо помина црна Арапина,
шо носеше три синџири робје:
прво робје се млади момчиња,
второ робје се млади невести,
трети робје се добри девојки.
Изговори Марко Крале:
-А, горице, зелена горице,
али имат време поминато ?
Изговори зелена горица:
-Ај, ти тебе, незнајна делијо !
Не е многу ни пак ми е мртва:
толку има три дни И ти ноќи.
Се налути Марко Крале,
Дупна коља с десна узенгија:
-Бодни Шарец, да би не боднало !
Го привтаса три саати место.
От извикна што го гласа држит:
Бог те убил, црна Арапино !
Нел остави три синџира робје !
Изговори црна Арапина:
-Ид оттуе, незнајна делијо !
Дан е те клада напред в синџиров.
Се наљути Марко Крале,
го привтаса црна Арапина
и му зеде таја црна глава
и спушчи три синџира робје.

От отиде в црква на причесна.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved