Сули ан е (конак) изграден во XV век. Негов ктитор бил Исхак-бег, војвода и командант на Скопското краиште. Служел за сместување и престој на патниците и трговците со нивните карвани. Името „Сули“ (турски. sulu - воден) го добил по реката Серава која течела покрај неговата источна страна. Целосно е обновен 1972, по оштетувањата од земјотресот во 1963. Денес е Факултет за ликовни уметности и Музеј на старата скопска чаршија.