Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

 КРАЛЕМАРКО храна

Ќе праша некој: има ли навистина македонска национална храна? За среќа, можеме да дадеме потврден одговор: да, македонска национална храна има, и покрај тоа што досега не билa предмет за опстојно и непристрасно проучување.

Првите сознанија.

Во питомата долина закрилена со падините на Китка, неолитските жители од Говрлево, ја потврдија тезата  дека кај човекот постоела јасно дефинирана свест за заемната поврзаност меѓу плодноста, житото, керамиката и себеспознанието. Во златно житно поле во близина на разгрането ореово дрво, постои провалија три метри длабока и можеби 10 метри широка. Ова е местото каде што есента 2000 е откопана  глинена фигура на обезглавен маж, статуа што датира од пред 7.500 години. Малата скулптура е навистина реалистична, со боја на кожата на печена земја, добро дефинирани мускули, ова е најстарата изрезбана фигура на човек што некогаш била пронајдена, наречена „Адам од Македонија". Претходно сите неолитски предмети пронајдени низ светот беа на божици, а околу педесетина беа пронајдени малку подлабоко и во оваа иста провалија. Оваа мала фигура го одбележува моментот кога луѓето почнуваат да ја воочуваат разликата меѓу човекот и другите животни. Можеби космологијата на класичниот свет се рефлектира околу оваа бездна - златно руно во реката, природно изобилство од грозје што доведува до света опиеност на виното, фурни за леб, каде се месел леб со квасец, се тврди дека од тука потекнува бидејќи на други места во тоа веме се најдени само бесквасни лебчиња... Тоа се случило тука, во, „папокот на светот". Имаме илјадници музичари, но само еден е Моцарт - тогаш имало многу свештеници, но само еден гениј. Потребен е само еден човек за да се промени светот. Можеби тој човек бил Адам од Македонија, или мајсторот што го создал и не упати на трнливиот пат на цивилизацијата. Откритијата во Говрлево докажуваат дека тој неолитскиот човек бил далеку подлабокоумен отколку што досега за него сме мислеле, (за тоа говори изработката на керамички зрна жито кои, исто така, никаде во светот досега не се откриени) не е само исходиште на храна, туку исходиште на живот. Од житото се изработува леб, а токму лебот е метафора за телото и во подоцнежните периоди. Знаете ли дека англичаните за трудна жена велат: 'стомакот и е полн со леб'.

Да ги видиме жените, Мајки, Македонки. Ако театарот е култно место, празник за душата, јавно место за доживување на човеките доблести, тогаш куќата е такво место за секоја жена. Жената од предисторијата немала Музи ни богови, затоа жената сама си била и Муза и Бог во куќата. Водена од инстиктот пред раѓањето го задржала во наследна меморија сето удобство, топлина и храна од утробите и се впуштила во природата да бара некое слино место во пештерите, во наколни живеалишта над реките, да копа во земјата или во снегот. Изложена на опасност и несигурност се сетила да направи куќа како себе, куќа како жена. Слична на женска утроба, куќата на Големата Мајка од Неолитот во Македонија. Огниште, отворот за сонце, садови, грнци, украси, првата Македонка имала сeшто и треба и на денешната Македонка. Имала земја, вода, сонце и оган. Кога мажите од Македонија оделе од дома, знаеме какви биле воини и ловци и колку долго можеле да бидат отстутни, жената не се досадувала туку се препуштала на својата инвентивност. Требало да се соберат класјето и други семиња, корења, да се нахранат децата, да се наредат и да гледаат како се прават грнци, и како се печат за да добијат цврстина, да пропатуваат 5-7 илјади години и да стигнат до нас. Каква возбуда од сознанијата за нашите женски претци. Таа Неолитката, сама на себе си била Муза и правела претстави на живеењето за себе и за сите други. Театарот им бил дома. Целиот народ учествувал во строго определениот земјоделски календар, кога не смее да се пропушти собирањето на храната. До наредната година таква храна ќе нема. Или огнот може да изгасне. Од неолитот потекнуваат сите емоции, сите содржини и теми развивајќи се во драми, изведувани во големите мермерни театри низ Македонија. Од тогаш потекнуваат првите традициии за  храната кои длабоко се задржале до денешни денови во нашите јадења. Зраната кои ги наоѓале во природата биле прва инспирација за древните рецепти. 

Зрната се чукаат со аван иле се мелат помеѓу две камења. Се прават кружни плошки од смеса од брашно, вода, сол, квасот се додава во тестото, истиот нараснува за време на печењето на лебот. /се пече врз загреани камења, на решетка или во печка/. Или зрна заврзани во вреќа киснеле до набубрување. Се сипале на земја, се покривале со зелена шума. Одвреме, навреме, се поливале со студена вода. Кога ќе набабреле, се простирале да се исушат, а потоа се мелале. Се добивало слад. Брашното се замесувало густо со студена вода, се ставало да каца /на дното од садот се ставаале прачки, да не се залепи/. Врз тестото се ставале тенки камења, се налевало со врела вода. Кога ќе престане со вриење се добивала жолта течност – ова е стар рецепт наречен -Оловина, слатка како пиво.

Камените бртви во кои се ловат пчелите е најстариот традиционален начин за производство на мед задржан само во Кратовско-пробиштипскиот регион. Тоа се издлабени дупки во карпите, кои специјално се подготвуваат за мамење и фаќање на пчелите, каде што тие го произведуваат најквалитетниот мед. Во кратовското подрачје и  денес има над 500 бртви. Некои од нив постојат уште од римско време и се' уште се користат, но пчеларите секоја година подготвуваат и нови дупки. Оваа постапка, која е задржана само уште во Тибет, кратовци ја практикуваат од памтивек, а најпознати бртварски локалитети се карпите во Коњух, Градиште, Цоцев Камен, Татомир, Кралица и во Туралево. Секој пчелар си има свои бртви, кои во пролет ги подготвува за фаќање нови пчелни семејства. Тие се високи околу 45 сантиметри, широки 30 и долги 25. Најпрвин се обложуваат со говедски лепешки, кои служат како изолација помеѓу пчелите и каменот. Во периодот на развојот на пчелите температурата се зголемува од 24 на 37 степени, при што се создава кондензација во просторот каде што се одгледува леглото, која лепешките ја впиваат. Откако лепешките ќе се исушат, бртвите се премачкуваат со матичњак, кој служи за мамење на пчелите. Познато е дека производството на грозје и вино во Македонија, низ векови го следела нашиот човек и е присутна од пред два милениума.

Топлата и сончева клима во Македонија овозможува да се произведат рани и доцни сорти винско и трпезно грозје. Анализите покажуваат дека винските сорти грозје во Македонија се одликуваат со висок процент шеќерност и потребните содржини на киселини, кои придонесуваат да се произведуваат висококвалитетни природни вина. Виното е производ на потполно или делумно алкохолно вриење на комења или шира од свежо грозје, Не е познато од кога точно постои виното, но се верува дека примитивните луѓе имајќи потреба да ја зачуваат храната за оние месеци во кои ја нема, меѓу другото чувал и диво грозје, ставајќи го во напукнатините на карпите, каде што тоа ферментирало и пенливата течност се претворала во вино. Теорија што ги поврзува неолитот, паганскиот бог Дионизиј, христијанскиот маченик свети Трифун, виното и љубовта. Единствениот доказ за физичкото човеково постоење низ историјата, значи, е коската, односно варовникот, истиот оној од кој е создаден ридот Свети Трифун во Говрлево Со виното се поврзани религиозни, обредни дејствија, потврда за силата на природата и нејзиниот плодотворен дух … Сад со ЖРТВУВАНО ВИНО представува чаша спасувачката крв на Христа… Виното се користело и како лек …. Се дарува вино во манастир за здравје …

Во македонската традиција Јадењето за пречекување е леб и сол. Постојат верувања дека свињата бидејќи има развиени копита а не прежива – не е чиста. Зајакот нема разделени шепи и не е преживар. Плешката се смета за највкусен дел од жртвуваното животно. Поради тоа десната плешка се давала на свештениците за спасение …Стави котел, наполни го со вода, стави парчиња месо, сите да бидат најдобри, колкови, плешки, наполни го со одбрани коски. Од сите видови животни јадете ги сите оние што имаат перки. Лушпи /печени, солени, сушени, на жар/…Се консумира за пост.

Во пишаните записи ќе сретнете поими ПАСХАЛНА ВЕЧЕРА Печено јагне, бесквасен леб, вино, горчливи треви ВЕЧЕРА, ГОЗБА Оброк одредена позната количина продукти како мерка за јадење ЈАДЕЊЕ НАУТРО Појадок, закуска, утрина, кавајал ЈАДЕЊЕ НАПЛАДНЕ Ручок, обед, пладнина  ОБРЕДНА ХРАНА ЛЕКСЕМА – храна дадена за душа, за помен на мртви или слава Варена пченица, засладена со мед, суво грозје. КУЧА – варена пченица со зрна од благун, суво грозје за задушница што се раздава за душа  ОБРЕДЕН ЛЕБ – нафора, леб за причесна, леб за принесување во црква како дар. ПОСТ – преку воздржување односно одрекнување од обилна храна од животинско потекло, како телесни, душевни задоволства, се обезбедува чистење од сторените гревови. Пречистувањето се состои од црвено вино, /што ја симболизира крвта на Христос/, нафора /го симболизира телото на Христос/. Со ова се постигнува најголемата цел на секој христијанин – се соединуваме со телото на својот Бог. СТРОГ ПОСТ – подразбира јадење сув леб, вода.

Сето ова во денешните модерни времиња група ентузијасти го нудат како храна Крале Марко. (во негово време не можело да се јаде пиперка, компир, пченка, патлиџан, бидејќи сето тоа е донесено од Америчкиот континент. Денешната македонска национална храна каако што се: Пинџури, пити, јадења со многу зеленчук, риба, дивеч и специјалитети со јагнешко, подготвени на бабин начин, се само дел од македонските оригинални рецепти кои се објавени во Првата гастрономска карта на Македонија. Првата гастрономска карта е испечатена на лист голем околу 1 метар. На предната страна од листот е ставена патна карта на Македонија, а на задната над 30-ина рецепти, напишани на македонски и на англиски јазик. До текстот има и фотографии од приготвеното јадење, но и предлог со каков пијалак може да се вкуси. Направени се комбинации со вино и со пиво. Во првата кулинарска карта на Македонија доминира летната лесна кујна, која има многу домати, пиперки, магдонос. Но има и специфични јадења - див зајак со суво грозје од Прилепско, кумановски мезалак, лешочко гравче, срнечко со вргањ, познати македонски чорби и капама со млад лозов лист. НАЦИОНАЛНАТА МАКЕДОНСКА ХРАНА ИМА СВОИ ДЛАБОКИ КОРЕНИ.

За крај, да ли знаете дека
! Александар Македонски не само што користел здравец туку, како што соопштува Плутарх, тој ги подучувал своите другари како здравецот да се употребува за лек. Во народниот говор магданосот се уште го викаат македон.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved