|
УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА МАТКА

Централната прослава на големиот православен празник Успение на пресвета Богородица се одржува во истоимениот манастир во Матка кај Скопје. Црковната служба ја води митрополитот на Скопската епархија. Меѓу народот овој празник е попознат како Голема Богородица и со него се одбележуваат смртта и вознесувањето на пресвета Богородица.
| Број посетители: |
неограничен. |
| Време: |
28 август |
| Н. висина: |
700 м. |
| Реткости : |
Богородица троеручица-Заштитничка на град Скопје |
| Регион: |
Скопје. |
| Стартно место: |
Манастир Успение на пресвета Богородица |
|
Рута: 8 февруари 2009 посета на Марков Град, поаѓање од манастирот во 10 часот. |
|
Внимание: Скопската епархија за овој црковно-народен собор предвидела и естрадна програма и ручек за гостите во манастирот Тура: Добредојден секој, со опасност да биде "залиен од вино и богата трпеза". |
|
Варијанта А: Архангелот Гаврил и се јавил на света Богородица и и кажал дека по три дена таа ќе почине. Таа со голема радост ја примила веста зашто така била Божјата волја и им јавила на сите апостоли, и потоа мирно му го предала духот свој без никаква мака и телесна болест. Третиот ден кога стасал Тома, посакал да го целива телото и кога го отвориле гробот, ја нашле само плаштаницата. Затоа ние на овој празник не ја празнуваме само смртта, туку и нејзиното вознесение. | |
Матка превземи |