Библиската земја Македонија

Aтрибутот библиска земја, Македонија не го добила ниту случајно, ниту пак пристрасно и го дале нејзините жители. Го добила заслужено, затоа што над 40 пати е спомената во Библијата.
Во прилог на тоа секако е и податокот дека со дури 2.000 манастирски цркви и црковни објекти од периодот на преродбата (кои пак од своја страна располагаат дури со 22.855 икони) и со најголемиот број активни (живи) цркви од средниот век го носи приматот меѓу балканските земји.
На овој мал простор има огромна концентрација на споменици на културата од сите историски периоди, што како материјални докази ги оставиле цивилизациите што постоеле на ова подрачје. Пред десет години се возобновија околу дваесетина манастири во кои денес живеат повеќе од 100 монаси и монахињи. Повеќето од македонските манастири, градени во различни периоди, посебно оние градени од VI до XV-XVI век, во целост се сочувани и денес. Освен вредниот живопис, по кои Македонската школа е позната во светот, тие во своите древни ризници кријат невидливи записи за духовниот код на монашкиот подвиг што се одвивал во нив. Градени на високи непристапни места, во близина на испосници, далеку од човечките населби, изолирани во тишина и затскриени со бујна вегетација.
Покрај црквите и манастирите располага со 4.300 археолошки локалитети, како и артефакти со голем и значаен научно-историски потенцијал. На ова тло евидентирани се осум тврдини, 12 градски целини и четири комплексни чаршии.
Амбасадори на културата
|