Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 


Добродојдовте
во Македонија, "најпознатата незнаена земја на светот", во централниот дел на Балканот, со површина од 25.713 км2 и со нешто повеќе од два милиона жители,...

Овде е откриен Адам, мала фигура која го одбележува моментот кога луѓето почнуваат да ја воочуваат разликата меѓу човекот и другите животни. Тука космологијата на класичниот свет се рефлектира околу оваа бездна, тука е златното руно во реката, само тука ќе ги најдете најстарите фурни со леб месен со квасец. Природното изобилство од грозје доведува до света опиеност од вино ...Тука е и една од најголемите праисториски опсерватории во светот. Сето тоа се случило тука, во "папокот на светот". Од овие простори Александар тргнал во мисија за освојување и обединување на светот, а по неговата смрт, оваа "Catena Mundi", станала врска меѓу светови, мистични културни крстопати, епохи. Тука Темпларите марширале низ големите римски патишта на враќање од Ерусалим, и се верува дека тука ги оставиле двете камени плочи на кои биле испишани Десетте божји заповеди... Малку земји имаат такво богатство на прикриени остатоци од династиии освојувачи, аквадукти, скриени споменици, законици, пергаменти, цркви и манастири, икони, фрески, копаничари, арабески и полумесечини. Тука минала парада од историјата.

По војната, срцевината на оваа земја задржала одредени карактеристики-неосетлив карактер, цврстина и одлучност што ги надминува времето и империите, креирајќи еден вид мешана македонска салата на темпераменти и духови. Во југозападниот квадрант на оваа земја се наоѓа Езеро со 7000 години стара континурирана населба, единствена таква во Европа, градот Охрид. Легендарно место што ќе постои низ времето.

Само кога основните елементи на универзумот ќе престанат да постојат, тогаш ќе ја нема и оваа земјa.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved