Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
Хронологија на градот Скопје













































































































































































5000 п.н.е. праисториска населба во Маџари, жртвеник на богинка Мајка-земја. 4560 п.н.е населба во Говрлево, Адам, еден од десетте уникатни наоди во светот.
4000-3000 п.н.е. први населби на просторот Кале кое непрекинато живее до денешен ден.
600-200 п.н.е градтчиња кај Нерези, Злокуќани, Кале и Скупи.
V в.п.н.е. монета - експонат бр 113 во Народна Банка со натпис TEUTAOS е уникатна.
IV в.п.н.е Филип Втори Македонски го вклучува Скупи во рамките на државата.
164 п.н.е овој простор влегува во состав на Римско царство.
I в.п.н.е. кај местото Злокуќани се доселувале Римските ветерани од разни легии.
518 катастрофален земјотрес.
535 Јустинијана Прима, роден во Таор, наследник на Скупи во црковно-правен поглед.
976-1014 во време на Царот Самуил бедемите биле прошитени и доградени.
10 век - Византскиот управник Варда Склир наредил да се ископа ново корито на реката Аксиос. Во негова чест реката била наречена Вардар.
1028-1034 Цар Роман III Аргир го засили манастирот Сети Ѓорѓи Горгос Скоропомошник.
1028 на 21 ноември на ден Воведение на Богородица секоја година се организира панаѓур а секоја среда и петок дубровачките и веницијанските трговци во манастирската ливада денешна Стара чаршија во Долен град ги продавале своите производи.
1040 Петер Делјан со седиште во Скопје кренал востание против Византија.
1164 манастир Свети Пантелејмон опкружен манастирски ѕид, гради од конакот и голема чешма.
1204 изграден првиот храм на Пресвета Богородица, обновен повторно 2007.
13 век црква Свети великомаченик Димитриј на која е изграден 1489 Даут пашин амам со 99 чешми.
1307 на темели на стара црква во село Чучер изградена е црквата Свети Никита.
1345 изграден Марковиот манасатир посветен на Свети Димитрие.
1346 на 16 април - патријархот Јоникиј го крунисал Стефан Душан за цар.
1388 во Матка ктитор на Манастирот Свети Андреа, е вториот син на Волкашин.
1392 на 19 јанури на Скопје му е сменето името и станува Искуп (Ускуп).
1445 Исак Бег го изградил Безистенот и ја основал првата библиотека.
1451 според турски извори, а според други 518 г. бил изграден Камениот мост.
1492 на постаро христијанско култно мето Мустафа Паша изградил џамија.
1495 на местото на црквата Света недела изградена е Бурмали (округла) џамија.
15 век постои Еврејско гето под Скопската тврдина со две синагоги Бен Аерон и Бен Јаков.
15 век Аквадуктот бил соѕидан од камен и тули и имал 200 лакови, од кои денес останале 55.
1531 изградена е бања со два влеза Чифте Амам и Сули Ан со 57 простории на 2101 м2.
1570 Псалтир со последование, печатена во Венеција, продавана кај Кара Трифуна.
1594 Јакобус Харевин изработува гравура на Скопје, се чува во Нинбергшкиот музеј.
1555 Скопје било разурнато од замјотрес.
16 век Момински амам, во тоа време единствена жанска јавна бања, изградена од Хани Хатун, ќерката на Јахја паша, зет на султанот Бајазит II, тој има изградено џамија, во која двапати досега има удрено гром.
1689 на 25 октомври Пиколомини го запалил градот со 60.000 жители поради епидемија од чума, а од истата починал по два дена.
1826 изградена е зградата на монопол за тутун, во 1943, 7.315 Евреи од Македонија од тука се однесени во Треблинка.
1849 почнала да работи прва пошта.
1863 издадена прва поштенска марка.
1869 изградено е занаетчиско училиште Ислахане каде што е денес општина Центар.
1872 година била пуштена во сообраќај железничката пруга Скопје-Солун.
1889 обновен Безистенот со 6 куполи а се влегувало низ една од четирите капии.
1889 изградена е Телеграфана од синот на султанот Абдул Хамид Хан Втори.
1891 основана прва печатница од Теодосиј Гологанов со словенски букви донесени од Виена.
19 век изградена е стамбена зграда карши МНТ една од инспирациите на Корбизије.
19 век изградене е црквата Свети Спас, на темели од црква од 14 в, вкопана во земја за да не ја надвиши Мустафа пашина џамија.
1900-1908 бил граден Градскиот парк на 114 ха.
1903 со топка од партал на насатва по гимнастика учениците играле фудбал, по тој повод е поставен споменик Бронзана фудбалска топка 1978 пред Министерство за одбрана.
1906 Шефкет Паша ја изградил првата театарска зграда.
1907 проработил првиот трамвај од паркот Ислахане до Бурмали Џамија.
1909 пуштена прва електрична светилка одржана пва филмска проекциаја
1910 на 27 август е родена Мајка Тереза (Гонџа Бојаџиу). 5.9.1997 откриена спомен-плоча.
1911 по улиците на градот Скопје се движел првиот автомобил-рено и основан е првиот Тениски клуб Ускуб од службениците на конзулатите во Скопје, како и секција за мечување.
1912 основано прво здружение на Црвениот крст.
1918 во дворот на црквата Свети Ѓорѓи сместени се 120 Англиски војници кои загинале на Слунскиот фронт во Првата светска војна. А на Самоилова улица се подигнати Француски гробишта каде се погребани 3930 војници.
1920 Гркот Зорба-главниот лик од роман на Казанѕакис, до својата смрт во 1943 живеел во овој град. Неговото последно почивалиште е на скопските гробишта.
1920 изграден Филозовски факултет кој е сегашно јадро на Комплексот објекти на универзитетот Свети Кирил и Методиј на кој постојат 30 факултети.
1921 започнува изградба на театар со 720 седишта кој потсетува на Опера хаус во Париз.
1925 во Ристиќева палата е поставен првиот лифт кој се уште работи, на зградата била поставена и првата светлосна реклама на аспиринот Баер.
1925 во Чаир започнала изградба на црквата Свети Великомаченик Ѓорѓи.
1926 изграден најраскошен хотел Бристол сопственост на браќата Караџа.
1926 Станко Караман ја оснива на 64 м2 првата золошка градина и Природно научениот музеј,денес еден од најбогатите на Балканот со палеонтолошки материјали од пикерминска фауна.
1928 фигурите Асклепион и Хигија од Ристиќева палата ставени се на првата скопска поштенска картичка-разгледница.
1929 започна со изградба на болнички комплекс на клиники, факултети и училишта.
1930 на аеродромот пристигнува од Лондон првиот авион.
1931 изградена денешна Градска болница, прв пример на модерна архитектура на 1953 м2.
1932 изградена е семејна куќа Шкаперда по проект на Ничота Симот.
1932 одигран прв натпревар во кошарка.
1934 изградена е Главна пошта во центарот на градот.
1935 на 18 август пуштена е во работа хидроцентралата Матка.
1935 е формирано прво планинарско друштво.
1936 изградена е семејната куќа на Димиџијан, денес познататиот хотел Арапска куќа-Јадран.
1937 Тресончанецот Јосиф Михајловиќ, кој бил два пати градоначалник и го подготвил првиот урбанистички план, ја гради Македонска куќа на 400 м2 со централно греење и камин.
1939 била завршена градбата на денешното Собрание.
1943 на 11 март насилно се собрани 3286 скопски Евреи и транспортирани во Треблинка
1945 на 2 јуни на темели на денешен стадион се гради фудбалско игралиште.
1946 во дворот на црквата Св. Спас поставен е саркофаг со моштите на Г. Делчев (1872-1903).
1948 отворена е Ботаничка градина во градски парк, а по 5 г. преместена во дворот на Хемискиот факултет во подножјето на на Гази Баба.
1949 почнал со работа Градежниот факултет.
1952 основана е зградата на печатницата Нова Македонија.
1954 поставен 4. метарски споменик со име Сила Слава Победа, над бездната на тврдината Кале на местото на влезот од Музејот кој се урна од земјотресот.
1959 поставени први семафори на крстосница Маршал Тито и Димитрие Чуповски.
1962 Скопје е зафатено од голема поплава.
1963 изградена е Архипископска резиденција каде што се наоѓаше црквата Свети Ѓорѓи која поради пробивање на патот 1967 е дислоцирана.
1963 на 26 јули во 5 часот и 17 минути, силен земјотрес од 9 степени, загинаа 1070 луѓе, 3000 луѓе беа ранети, 80% останаа без покрив, 87 држави дадоа помош за изградба на нов град.
1963 по 16 дена од земјотресот во разурнатиот град Драмски театар изведе престава.
1965 изграден Архивот на Македонија каде се наоѓа сета архивска граѓа.
1966 со помош на ОН распишан е конкурс за урбанистички проект на кој победи Кензо Танге.
1967 пуштен е мостот Обединети нации, истиот официјално го посети У Тант на 30 август 1970.
1969 почнува да се гради комплексот од 20 згради во форма на буква С наречен Градски Ѕид.
1969 на некогашните колосеци оставени се два патнички вагона Ориент експрес и Симплон, возови кои некогаш тука поминувале, денес се преуредени во ресторани.
1969-1972 Изграден е Студенскиот коплекс од 4 кули /4 страни на светот/, направен е од природен бетон.
1970 Музеј на современа уметност, подарок од архитекти од Полска, со површина од 5100 м2 со 4600 ликовни творби на уметници од 55 држави.
1970 изградена е Баптистичко методистичка црква за околу 1000 верници.
1970 Срушената Ж. Станица е претворена во Музеј на Град Скопје во кој сенаоѓаат 300 екслузивни предмети.
1970 се одржа 5 светско првенство во кошарка во спортската сала работнички.
1970 За Музеј на солидарноста, на конгресот во Њујорк по повик од 1000 уметници од 55 држави подарени се 3000 дела.
1971 по повод 100 години од раѓањето на Гоце Делчев пуштен е истоимен мост близнак.
1971 завршена е Народната библиотека, зграда со фолклорни елементи и 2 милиона наслови.
1972 пуштен во промет првиот Трдговски центар на три ката со површина од 16120 м2.
1972 изграден култниот Младински Културен Центар со помош на Русија и Алжир, тука преноќуваше Штафетата на младоста, а во источниот дел е и единствениот Планетариум.
1972 се одржа 20. машки и 5. женски олимписки игри во шах со учесници од 63 држави и по тој повод беа изградени Скопскиот саем со 5 хали, хотел Континентал во форма на фигура Топ, и Населба Олимписко село на падините на Водно.
1972 - 1990 осветена е Македонската Православна Црква Свети Климент со површина од 1000м2 , со прозори од кристален плексиглас и 5 т. Тежок лустер со 400 светилки, простор за 6000 верници, фонтаната е поклон од Исламската верска Заедница. Прв пат во светот Христот е насликан на површина од 70 м2, при што окото има пречник 1,5 м. Пророците се нацртани во седечка положба. Камбанаријата е висока 45 м. има три камбани.
1974 завршена е зградата од натур бетон на Телекомуникационен центар.
1974 започна изградба на МТВ највисока зграда во грдот со свои 22 спрата и 70000 м2.
1975 на Треска е одржано 9 Светско првенство во спусти слалом на кајак и кану на диви води.
1977 изграден е од армиран бетон Македонскиот тетар со две сцени од 850 и 190 места.
1977 изграден а е Католичка црква Пресвето Срце Исусово.
1979 почна изградба на Институтот за земјотресно инжернество на 7 314 м2 каде од цел свет се усовршуват стручњаци а во лабааториите се вршат симулации на издржливост.
1980 изграден Дом на печатот создаден со специфична терасеста бела архитектура.
1981 на 27 јули пристигна првиот воз на новата железничка станица, мостовна конструкција долга 700 м која располага со 10 колосеци.
1981 се одржа Светско првенство во борењево слободен и грчко-римскистил.
1982 завршен е Олимпискиот базен со гледалиште за 1232. посетители.
1985 поставена е поклон Котва, од како Риечкиот брод Скопје ја заврши својата пловидба.
2000 на 27 септември пуштен е Милениумски крст, бетонска основа од мали столбови /12 апостоли/ и големи /4 евангелисти/ со 66 м. конструкција поделена 33 дела /години на ИСУС/ со лифт со кој ќе може да се стигне до краците со распон 40 м. од каде ќе може да се ужива во панорамата.
2001 Благоја Чушков на травертински блок постави 4 бронзани скулптури наречени Музиканти.
2002 во зградата на Народна банка основан е нумизматички музеј со 18000 примероци монети.
2004 завршена е реконструкцијата на Плоштадот со 15000 м2 сиви гранитни плочи.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved