Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

МАРКО И ДЕТЕ ДУКАДИНЧЕ


Седнал Марко с мајка да вечерат,
Над него је ѕвезда Вечерница,
И је ворит Марко Кралевике:
„А егиди ѕвездо Вечерницо!
Ти ми стоиш мошне на високо;
Тебе нешто ја ке те опитам,
Ти се мољам прао да ми кажиш;
Али негде имаш догледано
Да се најдит појунак от мене?”
И му зборвит ѕвезда Вечерница:
„Ајти Тебе Марко Кралевике!
Ако сакаш право да ти кажам,
Да си зеиш твоја брза коња,
Та да појдиш земја Дукадинска,
Тамо имаш дете Дукадинче,
Дете имаш до седум години,
Седум п'ти појунак от тебе.”
Тога Марко ми се насмеало.
Тога велит негва стара мајка:
„Што се смеиш, мои мили синко!
Аљ се смеиш со мојата старост,
Аљ се смеиш со твоја нееста,
Аљ се смеиш со твоето дете?”
Тога велит Марко Кралевике:
„Не гибај ме, мајко, што се смеам,
П'т си имам сега јас да одам;
Ја ке одам земја Дукадинска;
Тук' извади моја брза коња.”
Тога јавна негва брза коња;
Први петли дури пропеали,
Црно море Марко го препливал,
Дури ми се зора обзорила,
Ми излезе крај бели друмои.
Тамо најде три млади орачи,
И им рече Марко Кралевике:
„Добро утро, три млади орачи!
Ке в' опитам, да не ме мамите.
К'де седит дете Дукадинче,
Што ми било от седум години?”
Му рекоа три млади орачи:
„Ај ти тебе незнаена дељо!
Сами му се куки познавает,
Стреи му се бисер поднизани,
А бедени от ж'лта дукада,
Вити порти му се челикои,
А диреѕи му се мраморлии.”
Појде Марко на негои порти,
Еднош кљуквит, а два п'ти виквит:
„А излези дете Дукадинче!
Да те вида ти што дете ми си,
Да ти видам твоја јунаштина!”
Ми излезе дете Дукадинче,
И му рече дете Дукадинче:
„Ајти тебе незнаена дељо!
Адет немам во нашава земја,
Пријатели на п'т да пречеква;
Туку ела дома да седниме,
Да јадиме, малу да пиеме,
Оту после да се обидиме.”
Ми отиде Марко Кралевике.
Јале, пиле три дни и три ноќе;
Си станае на четвортиот ден,
Отидое в она рамно поле.
Тога рече Марко Кралевике:
„Ајде сега камен да фарљаме,
Да видиме наша јунаштина,
Кој ке бидит јунак над јунака.”
3еде Марко камен да си фрљат,
Малу камен што ми потфрлило,
Го фрлило токму три саати;
Го барае камен го најдое.
Си подфрли дете Дукадинче,
Малу камен што ми подфрлило,
Го барае три дни и три ноќе,
Нигде камен не си го најдое.
Се наљути Марко Кралевике,
И му рече на дете малоо:
„Ајде сега да се обидиме
С остри сабји, со брзего коња.”
Се измами дете Дукадинче,
И си зеде своја брза коња;
Колку фати коња да подиграт,
Му се спушти Марко Кралевике,
Го пресече преку полоина.
Уште дете не ми је узнало,
И ми рече дете Дукадинче:
„Ајти тебе, незнаена дељо!
Нешто мене срце ме набољвит.”
И му рече Марко Кралевике:
„А егиди дете малечкоо!
Кога сум бил како тебе дете,
Многу п'ти срце ме болило,
Мали деца така болит срце;
Тук стегни си твоја брза коња,
Та да си се едногп обидиме,
Колку дете коња си постегна,
Се разљути коња, се разигра;
Дете падна, два трупа се стори;
И се спушти Марко Кралевике,
Му ја зеде негва добра глаа,
Си отиде при седум кралеи;
Им ја каза глаа от детето,
Зашт' имаше многу јунаштина,
Седум п'ти појунак от Марка.
Му рекое седумте кралеи:
„Бог те убил, Марко Кралевике!
Што кајдиса н' ова лудо дете!
И гробнина да ти се незнаит.”




| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved