Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
             26 јули 1963

Земјотресот од 26 јули 1963 година бил составен од два удари. Првиот бил во 5 часот и траел 20 секунди. Вториот, кој бил и катастрофален, се случил неколку минути подоцна и бил со интензитет од 9 степени според Меркалиевата скала

Во земјотресот загинале 1.070 луѓе, 3.300 биле посериозно повредени, а 100.000 останале без покрив на главата

Осумдесет проценти од сите градби во Скопје биле срамнети со земја. Триесетина монументални градби биле оштетени, меѓу кои и тврдината Кале, Сули ан, Безистенот, Археолошкиот музеј, Народната банка, Офицерскиот дом, Железничката станица и Националниот театар

Осум месеци пред земјотресот, во ноември 1962, Скопје преживеало голема поплава, во која биле поплавени 4.500 хектари земја и 5.000 дома

Скршениот ѕиден часовник на Старата железничка станица и денес го покажува кобното време - 5.17

Земјотресот бил уникатен меѓу катастрофалните земјотреси што се случиле во последните триесет години од тоа време во Европа и на медитеранот

ЈНА била првата што го испратила апелот за помош на градот до другите југословенски центри и до целиот свет                         

Неколку илјади војници ја почнале тешката, а воедно и најхумана спасувачка акција во мирно доба, а 590 од нив биле одликувани со медали за храброст од претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито

Тито во разурнатиот град изјавил: „Скопје преживеа ужасна катастрофа, но градот ќе биде изграден повторно со помош на целото општество. Ќе стане симбол на братството и единството, симбол на југословенската и на светската солидарност

Во текот на првиот ден од земјотресот дури 80 земји испратиле помош за Скопје

Во 1965 година, по препорака на ОН, е формиран институт за земјотресно инженерство и сеизмологија. Денес овој институт е светски лидер во истражувањата поврзани со земјотресите и со урбаното планирање

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните

 

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.

По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски.

Експертите објаснуваат дека целата територија на Македонија е сеизмички активна и дека вакви потреси се вообичаени за трусните подрачја. Земјотресите обично се случуваат на местата каде што се вкрстуваат тектонските раседи, а Скопје, за жал, се наоѓа над јазол од раседи.

 

 На 14 октомври 1963 година, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада за реконструкција на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден во аналите на Обединетите нации остана забележан како ден на Скопје..

Еден американски новинар побарал да отседне во хотелот Македонија (кај денешен Тренд) вечерта, во очи земјотресот. Бидејќи немало слободни места, му го препорачале хотелот Турист. Така останал жив, бидејќи хотелот Македонија се разурна речиси до темел. Група странски танчари и танчарки кои допатувале дента пред земјотресот и се сместиле во хотелот Македонија, ги загубиле животите, ја поделиле трагичната судбина со многуте жители од овој град.

Исто така, една трогателна вест објавена во тоа време го обиколи светот. Вест во која има толку топлина и хуманост, од која не може да не ви заигра срцето: “Младата студентка Еико Музики од Јапонија испрати прилог за помош на настраданите во Скопје: дијамант - семеен спомен.

Жан Пол Сартр: “Скопје не е филм, тоа не е трилер во кој го насетуваме главниот настан. Тоа е концентрат на човековата борба со природата, но и резултат што вдахновува за нова борба, а не за прифаќање порази”.
Алберто Моравија: “Скопје не смее да остане само репортажа од првите страници, туку обврска на сите нас, сите луѓе кои денес-утре, по сличноста на некоја нова катастрофа, можат да станат скопјани”.
Иља Еренбург: “Ете, невеселиот град Скопје, колку тој преживеал”.

Само еден час по катастрофалниот земјотрес кој го запре животот во Скопје на 26 јули 1963 година, снимателите ги забележаа на филмските ленти сиот ужас и размерите на катастрофата. Следат и снимки за напорите на спасителите да ги извлечат повредените под урнатините, како и многубројните жртви за кои немаше спас.



Славко Јаневски: „Ми останале рацеве издолжени. Одран сум. Сиот ќе се спровнам низ себеси празен... И земјата понекогаш нема земја под нозе“ („26 јули 1963“).
Ацо Шопов: „Некој запиша: на дваесет и шести јули илјада деветстотини шеесет и трета, во пет и седумнаесет, загина градот на Вардар. Каква страотна пресуда на природата, каква катастрофална пресуда за вистината, содржана во еден единствен миг на времето - пет и седумнаесет. Во ревот на земјата и бетонските блокови - пет и седумнаесет“ („Во пет и седумнаесет“).
Димитар Солев: „Граду на колена, граду во котел, граду под градовите. Сликата ти е - урнатини... Граду близок и далечен, граду зелен и сив, граду во цвеќе и во пепел, граду на два брега и меѓу две љубови, граду еден меѓу многуте и единствен меѓу сите“ („Скопје - наше, засекогаш“).
Србо Ивановски: „Се уште патуваме низ тоа морничаво утро, колку ли копита топотат под нашето зглавје“ („Грд сон“).
Петре Андреевски: „Некој некогаш пишуваше дека каменот е потраен од човекот кој толку различно се служи со него. Јас денес пишувам дека човекот е потраен и од каменот со кого ќе изгради нов град во градот“ („Времето на градот“).
Поетесата Даница Ручигај трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес. Но, остана нејзината поезија да живее, нејзините стихови напишани пред катастрофата, во кои таа речиси ја претскажува својата смрт. Стиховите се пронајдени во „урнатините на домот на поетесата, што стана и нејзин гроб“:

Природно научниот музеј и зградата на Музејот претрпеле големи оштетувања и претстоело рушење затоа што не било можно да се поправи. Поголем дел од материјалот бил уништен или тешко оштетен; хидродепото на ситни птици и изложба на збирка на рептили. Преостанатите делови од музејскиот материјал како и некои апарати од лабораторијата и работилницата биле евакуирани, но под неповолни услови на заштита

Благој Попов ми рече: „Булаиќ, Ве молам да дојдете веднаш, макар на пет дана. Вакво нешто никогаш не сте виделе. Ова мора да го види целиот свет!“ Веднаш отпатував и наместо пет дена, останав пет месеци. Глетките навистина беа разорни. Веднаш се фативме за работа, снимавме секој ден и тоа со три камери, а потрошивме 40.000 м. филмска лента. Времето во Скопје претежно го минував по шаторите низ градот, а спиев во една едвај зачувана куќа на Водно. На крајот сиот материјал моравме да го кондензираме и во финалната верзија искористивме околу 3.500-3.600 м, останатите и' припаднаа на Кинотеката на Македонија.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved