Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

ГЕВГЕЛИЈА

Марков манастир, с. Миравци Петрово Пресек, доцноантичка населба – рефугиум. На 2 км југозападно од селото се забележуваат темели од објекти и остатоци од градежен камен. Пронајдени се делови од керамички садови и питоси.

Маркова кула, Серменин, средновековна тврдина. Остатоци од градежен камен и покривни ќерамиди се забележуваат на висок рид над локалитетот Подор, на 2 км југозападно од селото.

ВАЛАНДОВО 


Маркова кула – Валандово Според некои истражувања и откриени наоди, тука бил забележан живот уште во X-VIII век п.н.е, односно во бронзеното и железното време. За време на римското владеење, постоела населба позната под името Мал Константинопол, а за животот во средновековието говорат високите ѕидови од Марковата кула.

Овој средновековен културно-историски споменик се наоѓа северозападно од Валандово, на сртот на еден осамен каменест врв на планината Плавуш, на надморска височина од 653 метри. Овој маркантен објект, е изграден на непристапно место, каде што со векови одолева на природните стихии и на забот на времето.Кога била градена кулата не се знае, бидејки нема пишани документи. Се претпоставува дека била обновена во времето од XI до XIV век. Кулата, во својата првобитна состојба, била многу повисока, подигната на карпесто плато и природно заштитена од сите страни со стрмни тешкопродорни терени. Неколку стотини метри под кулата бил подигнат појас од зидови, кој имал за цел да ја штити тврдината од напад. Овој стратешки објек бил граден во форма на четириаголник, со дебели зидови од камен, чии горни делови се урнати и го исполнуваат внатрешниот простор на кулата. Средновековната кула во пределите на Плавуш би можела да биде населба на војници и власта, а на местото на денешно Валандово постоела населба со трговци , занаетции и земјоделци. Постои и легенда дека кулата и дворецот биле поврзани со подземен ходник со полето и со Анска река. Преку овој ходник во слушчај на опсада, тие имале можност да се снабдуваат со храна и вода. Меѓутоа, траги од оваа подземје до денес нема.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved