Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Марка Крале и Секула детенце кога си делеле царството

Марко Крале и внук му Секула Детенце кога кралуале, кралството му било неделено, наедно си кралуале земјата. Бидејќи Секула бил појунак од Марка, Марко му завидуал на јунаството што го имал и му барал крајо за да го загуби, арно ама Госпо нејќи да го пизмиш чоека. Ти колку да го пизмиш, Госпо поеќе добрина ќе му праи. (Вака ми велеше Јоан мајсторо коа ми прикажуаше ова нешто за Марка и Секула Детенце, кога ја праеше калдрмата у попа Спирка.). Не можејќи Марко некое зло да му напраи на Секула, измислил еден маривет за да му ја земи земјата сета од Секула и да го истера од делот што го имал.

Пратил книга Марко по пиле соколоо при Секула Детенце за да дојди во Прилеп при Марка да му речи нешто. Едно зел книгата Секула Детенце од пиле соколоо, и веднаш јавна коња бедевија, та му отишол при Марка Кралета во Вароша града.

Бидејќи Марко му мислил зло на Секула, го пречекал со голем ќеф, ама не од срце, ами само за лице само се препраал ѓоа го милуат. Три дни и три ноќи што јале и пиле на Маркоите кули и на треќио ден Марко му отвори зборо што сакал да кажи.

- Слушај вамо, внучко, што сакам да ти речам: еве кај Турци насилеа, а пак ние двата се чекаме еден на други да си ја браниме држаата. А пак едно дете што је од два татка, тоа ќе си оди без капа. Ја, ај ние да си ја делиме земјата и кој колку ќе имаме, толку да си повеламе, и да си ја чуаме и вардиме од Турците.

- Е лели сакаш, стрико Марко - му рекол Секула - да си ја делиме! Арно ама, како да ја делиме, како си измислил ти? Кажи да видиме.

- Еве како сум измислил јас - му рекол Марко. - Ти ќе појдиш на крајо од нашата држаа и ноќеска коа ќе пропеат петли, ќе го јавниш коњо и ќе го бодињаш колку што можи коњо да бодиња; а пак јас одовде ќе го бодинам мојо коњ и до кое место ќе се сретиме, дотамо кол ќе удриме.

- Бре, варѓеч од оваа работа, бре стрико Марко, оти ќе ни се смеат луѓето и можи да се прикажуа дури стои веко; ај како што сме си повелале па да си повеламе и да се крепиме, да не не навјасаат Турците - му рекол Секула.

Од тие прави зборои од Секула речени, од негоото прао срце, Марко ич не го слуша, ами што рекол тој, тоа да биди. Најпосле кандисал Секула и отишол на крајот од држаата негоа, та се спремал вечерта коа ќе 'и чуе првите петли да го бодне коњо и до кај ќе втаса да се стретат со Марка. И Марко така се спремал и бил на стреж да чуе првите петли. Арно ама Госпо неќи кривина, тики го оглувна Марка Кралета да не можи да 'и чуе петлите, дури до темни зори. Наместо петли чул оџата кај што викал на џамијата од Чолаковци што е на Крушевски пат и ден денеска скршена доземи, изурната уште од тоа време.

Слушајќи Марко гласот од оџата го сторил петел и веднаш рипнал од соно и стрчал во темни коњушници, та спремал Шарца пеливана. Излегла сестра му од Марка, Ангелина со позлаќенио ибрик да му потури вода да се измие Марко образ, и чул кај вика за првпат оџа на минарето од џамијата. - Што вика така, мори сестро - ја прашал Марко сестра си - онамо долу, ала јук берк?

- Ништо брате, ништо, не викат, така ти се чини.

Па чул кај вика така Марко.

- Кажи, мори сестро - је рекол Марко - оти ова не ќе биди на арно?

- Е, вистина, не е на арно, брате - му рекла Ангелина - ала јук бер се вели: Ела, Марко, биди во нашата вера! - Така те кани турскио оџа, брате, од минарето што го напраија во џамијата.

- Ах, проклети оџа, дали така ќе ми викаш од минаре уште во темни зори? - рекол Марко. - Ја чекај петли да пропеат за да боднам коњо, да преземам од внука ми земја, а пак ти ме каниш, и ми велиш: - „Ела Марко, да бидиш од нашата вера“!?

Во тие зборои беше дал вик Секула Детенце од под Маркоите кули по Марка:

- Дејди, Марко, дејди мој мил стрико, али вака ќе делиме земја? Еве ја дојдов до твоето кале и ела да туриме кол да си повелам земјата до кај што ја прегазив.

Коа чу Марко тие зборои од внука си Секула, голема мака беше му паднало, тики коа го зеде позлаќенио ибрик од сестра си од раката, го исповрте и го фрли на оџата кај што викаше, и на местото беше го отепал и сосе минарето паднал на умрен.

- Проклети да сте вие, петли, што не пропеавте, за да ме скорните за да делам земја со внука ми, ами ме остаивте да се успијам и да дојди внук ми под кале да ми земи сета држава и да бидам за страмота! Проклети да сте вие, петли, и до векутума века во моиве кули петел да не пропеи, нити па оџа на онаа џамија да не можи да вика. Ете, то велам да биде и друго ништо.

Вака Марко и проколнал петлите и оџата.

И вистина, откоа се сотрел Марко од Маркој кули не запеал петел, нити па ќе запеит, дури Турчин повела. А пак скршената џамија, што јет на крајо од Прилеп, на страната кај што сонце заоѓа и ден-денеска стојат неколку камење со вар налепени од скршеното минаре и се докажуа оти тука била џамија, праена од првото идење на Турците. И Турците никако не се сторија мукает да ја попраат, чунки ја мислат како колната од Марка да јет, демек т'л'с'млија.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved