Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Марко и морска ламја

Повали се таја кучка ламја,
повали се од длабоко море,
во широконо Солунско Поле,
да ми идит во Маркоите кули,
да проголтнит Марку машко дете.
Ја дочула Ерина самовила,
самовила Маркое посестрима,
та ми ошла, Марку ми казала.
Велит Марко младе Марковице:
- Искапи ми мое машко дете,
повиј ми го в свилени пелени,
повиј ми го во лулки стребрени
и со повој позлатени;
ќе го водам на шетање.
И'влези си во долга коњушница,
извади ми мојата сејсана,
стегни ми ја со девет попраѕи.
-Си отиде млада Маркојца,
си отиде в долга коњушница,
ми изваде негоа сејсана,
ја напрај, добро ја оружа,
и му кладе белион шатор,
бели шатор и остра сабја,
остра сабја, жолта боздогана.
В скут му даде свое машко дете
с лулќи стребрени,повој позлатени
И отиде Марко во гора зелена,
во гора зелена, во темна клисура;
и си разви белана шатора,
та си кладе свое машко дете.
Си поведе 'рти и загари;
си поведе соколи, лахури,
ќиниса Марко во гора зелена
да си фаќат диви дихании.
Лов улоја, а дете си заборај,
ми излегла ветерна ламја
од длабоко море во Солунско Поле
му голтнала дете од шатора.
Тогај Марку текна за детето.
Коа отиде дете да си видит,
си ми најде саде празни крошни,
а дете - никаде го немат!
My велит Марко на 'рти и загари:
- Трчете вие во Солунско Поле
да фтасате таа кучка ламја;
да а фтасате, ноѕе да ја подјадите,
подјадите, очи извртите;
и ја сега бргу ќе ви фтасам! -
Ја фтасале во Солунско Поле,
'ртите ноѕеја подјале,
соколи и лахури очи и извртиле.
И ми стасал Кралевиќе Марко,
ми ја фтасал таја кучка ламја;
си изваил свое врушко ноже,
та распарал нејзино клето срце,
та извајл свое машко дете.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved