Постојаната археолошка поставка со изложени предмети од истражувањата, предмети од коски, керамика, мермер, метал, монети. Во тек се истражувања на античкиот град Стибера и на праисториската населба Трештена стена во Мариово. Стручните екипи, освен ископувања, вршат и конзерваторско реставраторски работи.