|
Варијанта А: Во закажаниот термин се тргнува со мини бус кон скопското село Нова Брезница, оддалечено 40. км од центарот на градот, кон месноста Кула. Првото нешто што ќе Ве дочека е капијата на резерватот со ловечка куќичка на 1.060 м.н.в. По куса пауза и планински чај, набран во дивината на резерватот, следи возење или пешачење по трасирани планински патеки во должина од 15 - 40 км, во звисност од припремената физичка способност. Возењето или пешачењето е исклучиво по природни патеки . |