Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
Верувале или не... 2



БОГОВИНСКО ЕЗЕРО ШАР ПЛАНИНА

Верувале или не... Во Македонија постојат 50 поголеми или помали езера: Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, лацијални езера на Попова Шапка – (19 постојани и 8 повремени) и 150 локви, Бистра-Маврово - Локув и 4 помали глацијални езера, Кораб 8, на планината Стогово, Крушево, Пелистер - Големото и Малото Езеро, познати како Горски Очи, периодично глацијално езеро - Орлови Бари и др.

"пикермиска" фауна

Верувале или не... Фосилниот остаток на заб, од некој од предците на слоновите (мастодони) кои егзистирале пред околу 10 милиони години, откриен e во рудникот "Суводол". Во плиоценските езерски басени, како што се Скопскиот, Велешкиот, Тиквешкиот, досега се откриени многу локалитети со наоди од фауна карактеристична и позната во научната јавност како "пикермиска" фауна.

Каласлари Велес

Верувале или не... Палеонтолошки локалитет кој се наоѓа селото Каласлари е фосилното наоѓалиште откриено во 1973. По богатството на пронајдените фосилни цицачи (коњи, газели, жирафи, свињи, кучиња и др.), овој локалитет се вбројува во едно од најпознатите наоѓалишта кои досега се откриени во светот.

Превалец, палеонтолошки локалитет Велес

Верувале или не... Превалец е палеонтолошки локалитет. Наоѓалиштето случајно го открил германскиот истражувач Југман во 1917. Староста на фауната е одредена како долно плиоценска а детерминирани се многубројни родови и видови на фосилни цицачи и тоа: мајмуни, хипариони, жирафи, антилопи, газели, елени, мастодони, носорози, свињи, хиени и др.

КАЛЕ БАЊИЧКО ВЕЛЕС

Верувале или не... Кале Бањичко палеонтолошки локалитет претставува откриен геолошки профил на надморска височина од 840 м. Составен е од слоеви на седиментни карпи, кои содржат карактеристична и разновидна фосилна фауна од брахиоподи, орбитоидеси, школки, амонити и друго. Фосилното наоѓалиште е пронајдено 1959.

геолошки профил

Верувале или не... Локалитетот Звегор претставува карактеристичен геолошки профил каде што се воочливи тектонски навлекувања на постари катови (тријаски варовници) врз помлади палеогени флишни седименти и вулкански карпи составени од: кварцлатити, андезити, дацити и туфови. Овој споменик претставува пример од кој можат да се видат процесите кои се одвивале во различни геолошки времиња.

продолжува



| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved