| ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ ПРИЛЕП

Во познатото Баба Неделино училиште во Прилеп се наоѓа постојаната поставка насловена како “Галерија на икони”. Денес колекцијата брои над 200 икони кои потекнуваат од крајот на XVI до крајот на XIX век. Галеријата опфаќа 66 експонати, плаштеница и една фреска од црква.
| Р. време: |
10.00-17.00 |
| Цена: |
- |
| Реткост: |
Го нема во други галерии - архиериејската одежда на г.г. Ангелариј, туника, саркоз, петрафилион, митра (капа) и патерица. |
|
Внимание: „Чинот од Зрзе“, 1535 г, ремек-дело на поствизантискиот период изработено од јеромонахот Јован. |
|
Тура: Единствената реконструирана фреска на архангел Гаврил, од манастирот „Св. Арахангел Михаил“. Необичен уметнички квалитет и врвно дело на византиското сликарство од 12 в. Претставена во Њујорк, Лондон, Стокхолм во седумдесеттите години на 20 век. |
|
Варијанта А: Се претпоставува дека на композицијата се Архангел Гаврил и Архангел Михаил од олтарната ниша од црквата која се наоѓа под подот на денешната, единствен случај во Македонија. Северниот ѕид бил природен, на карпа, но поради земјотрес цркавата се разрушила, подоцна е на неа е изградена денешната црква. | |
|