Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

Во сите бои на љубовта...
Boje ljubavi...


Тој брод полн цвеќе, патува од моите во твоите сни. И најмил спомен што в душа ми блесна Се гаси од нив ко цвеќе без боја. Но ти што ловиш звук на чудна песна, Ти си ја кажа судбината своја.
На цветна лака се намерив скоро, Не цвеќе било — девојчинско оро, Не цвеќе било — малесорски вити, Со нивна лика гора лика кити. Кога ќе доит при мене? Кога ќе седнит до мене? Така си велеф ката ден. Ја кога дојде у мене – Как ќе излеза пред неа? Да не би дошла никога!
Зашчо, зашчо ја да љубам? Зашчо себеси да губам? Јарка младост јарко греит И ко цвеќе ме венеит, Барам сенка да с`оладвам, В место сенка в жарој падвам. Ако и носиш нешто неизречено, Нешто што те притиска и пече, Закопај го во длабока тишина – Тишината сама ќе го рече.
Две скукулени тела. Две наведени чела. Два молка. А иста болка. Кој спие во тебе Кој плови во тебе Кој вавилон, која византија Кој архангел, Бог кој Која сотона? Главата на тело ти ја положувам И слушам: внатре славеј еден Чурлика.
Никнало, никнало, Цвеќе шарено, Пред моми, пред моминото Пенџерче. Дење го, дење го Моме вадело, Ноќе го, ноќе го Момче крадело. Дејгиди, дејгиди, Момче будало, Не знаеш, не знаеш, Моме да љубиш, Тук' знаеш, тук' знаеш Цвеќе да крадеш. Цвеќето, цвеќето Е за мирисање, Момето, момето Е за љубување
| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved