Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

МАНАСТИР СВЕТИ АНДРЕА МАТКА

По воља на Бог Отец Седржател и со помошта на Синот Единороден и содествието на Сепресветиот Дух се создаде и се исписа овој свет и божествен храм во име на Светиот Славен врховен апостол Христов првозвани Андреаш со трудот и подвигот на христољубив раб божии Андреаш син втори на благоверниот крал В’кашин и кралицата Елена, монахиња Елисавета и колку беше возможно и дадовме и приложивме на Светата Црква села со полето и задбрдието со метохот, со правата кои се напишани и познати на сите кои се вели со Хрисовул...
Број посетители:

неограничен.

Време: до 17 часот
Н. висина: 500 м.
Реткости :

Хрисовулот–повељата е   препишана  на лента  во внатрешноста на црквата која  почнува  од олтарната апсида, се протега во должина од 1766 см.  низ целата црква и продолжува на фасадата. Денес се сочувани само  фрагменти од хоризонтални ленти што оделе паралелно над  прозорците и нишите.

Регион: Скопје.
Фрески:

Зографите Митрополит Јован и монахот Калист создале фрески кои спаѓаат меѓу најдобро сочувани сликарски ансамбли кои стигнуваат до нашите денови.

Двери: Во 6 век се развива служба во проскомандијата. Претезисот се врзува со олтарот кој му  обезбедува директна врска со наосот – било преку засебен влез, било преку северниот пролаз на иконостасот. На дверите редовно се наоѓа предтавата Благовести,  инкарнација во врска со пророштвото: ”Вратата низ која Господ ќе помине, а која ќе остане затворена“.  Единствени зачувани двери од нашата територија који со сигурност можат да се стават  во среден век се таканаречените Андријашките двери кои сега се наоѓаат во Музејот во Белград.

Внимание: Во старо време  до овој манастир се качувале со кошови како што денес се качуваат во Метеора /Тесалија/. Под манастирот,  на брегот на реката Треска и сега има железни алки на кои веројатно се закачувале чамците, а луѓето со кошови или некои други направи се качувале горе. Тура:  Посета на Марков град.

Варијанта А: Во представата на Литургиската служба на светите оци е направена е сублимација на сето она што се случувало во изминатите векови, со избрани симболи и литургиски текстови, извонредната симбиоза меѓу сликата и текстот ги доловува најважните светотаински дејства што се случуваат во текот на литургискиот чин.  Не случајно се избрани неколку моменти: кревањето на светиот жртвеник од страна на ангелите-ѓакони, слегувањето на Светиот дух во вид на гулаб врз приложените дарови и посочувањето на раздробувањето на агнецот со натпис  раздобление.

Информации
>> Испечати
>> Фото Мапа
>> Фотогалерија
Информации за патувањето
>> Како да стигнете
>> Побарајте водич
>> Побарајте сувенир
Можност за посета
E-Mail: contact@kralemarko.org.mk
Повеќе информации:
www.jasen.com.mk
www.kralemarko.org.mk

Андреа превземи
| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved