Слава славит Кралевиќе Марко
Слава славит Кралевиќе Марко, слава славит светаго Ѓорѓија. Дошле триста попој и двесте калуѓери и триста стари патријарси. И му велет на Кралевиќе Марко, ејгииди Кралевиќе Марко, све си имаш, с'де риба от Охрида немаш. И си киниса Кралевиќе Марко, во града Охрида да ојт. Си зеде пушка и сабја. Мајка му велит: - Немој сине, не земај оружје. Нас ќе ни поможит свети Ѓоршија. Си киниса Кралевиќе Марко во Охрида града риба да си купит. и го најде едно Турче: - К'де одиш незнаен делија? - Што ме питаш, шо те тебе брига. Турчето го врза Кралевиќе Марка, и го однесе во града Охрида. Се молеле охриѓани: - Не губи го Кралевиќе Марко, не ќе ни родит нити жито, нити вино, нито трева по полето. А Марко му велит: - Немој да ме носиш прет јанино кафе, три години сум јало, пило, нишчо не сум платило. И тој сега за инет го однесе... А кога го виде Јана девојка: - Добро ми го донесе ов'ј пријет'л, три години јало, пило, нишчо не платило, сега ќе ми платит. И се опијани она црно Турче и си заспа, му зеде Јана к'лучој от појаси и го отк'лучи Кралевиќе Марко. Си однесе она Турче дома. И им велит на онје гости: - Ево риба од Охрида.
|