Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Тетово

 Во античко време кај Калето, над Тетово бил сместен древниот град Оенеј. Од записите на римскиот историчар Тит Ливиј (59 год п.н.е. до 17 година по Христа), се дознава дека античкиот град Оенеј не само што имал значајна местоположба туку и дека кај него се наоѓал и преминот за лабеатската земја (околината на реката Дрим и Скадар), каде што владеел Генцие. Всушност, тогаш преку овој најголем град во Полошката Котлина, односно преку Шар Планина, подрачјето на Призрен и долината на Дрим, водел најкусиот пат за Јадранско Море. Ливиј дава и опис на освојувачкиот поход на античкиот македонски крал Персеј во Западна Македонија, изведен во 169 година пред н.е., кога со голема војска го освоил најголемиот град на Пенестите, Ускана (денешно Кичево), а потоа, пред да тргне за Оенеј, прво го зазел градчето Драудак (Драудацум) и уште единаесет други помали гратчиња, лоцирани во подножјето на Шар Планина, меѓу Ускана и Оенеј. Инаку за местоположбата на Оенеј во науката постојат спротивставени мислења. Зашто, некои научници малку веруваат дека пенестинскиот град Оаенеум, (Оенеј), се наоѓал во непосредна близина на Тетово, потенцирајки дека патот преку Шар Планина за Скадар, (Генециевата престолнина), минувал преку најјужните разграноци на оваа планина. Овие антички градови егзистирале се до доцната антика. По освојувањето на Македонија од Римјаните во 168 г. пред н.е. и нејзиното претворање во римска провинција, настанала длабока стагнација во стопанскиот и културниот живот на населбите во Полошката Котлина. Од честите воени походи и напади, биле опустошени многу населени места во првите векови од римското владеење и од нив немало речиси никакви остатоци. Од римскиот период (И и ИИ век) биле евидентирани само неколку населби во овој крај. Во централна и најбогата населба во целата Полошка Котлина, во тоа време, прераснала населбата што била лоцирана во рамницата на денешното село Лешок, која ја наследила улогата и важноста на античкиот град Оенеј. Во почетокот на XII век било колонизирано словенско население во рамницата под Шар. Тогаш месното население ги напуштиле рамничарските населби, а останале да егзистираат само сосема мал број планински сточарски населби, расфрлени по далечните планински падини, каде што се повлекле дел од староседелците. Словенското колонизирано население загосподарило со најважните места во рамницата, давајќи и ново, словенско име Подлог, веројатно со значење под гора, (под планина). Тогаш тие разурнале многу тврдини и населби. Но, од V век Византија повторно го контролирала ова подрачје, ги укрепила најважните разурнати тврдини и во нив држела постојана војничка посада. Во времето на цар Самуил, Полог бил во составот на неговата држава. По пропаѓањето на Самуиловото царство, во Полошката Котлина како градски населби се спомнувале Полог и Лешок (Леш'к, Лешек). Арапскиот учен Идризи, кој, како географ и патописец, го посетил овој крај околу средината на XII век, поточно во 1153 година, во својот опис за патот од Охрид, преку Скопје, за долината на реката Струма, го спомнува и градот Полог. Тој, во својот патопис, вели: “Од Охрид два дена се патува по тежок пат до градот Болого (Полог), сместен меѓу два рида, а покрај него минува реката Фардари (Вардар). Од Болого до Искофла (Скопје) патувањето трае само еден ден”. За “градот Полог” (“урбус Пологус”) подоцна, во ЏВ век, пишувал и Барлетти, кој, исто така, Полог го идентификувал со Тетово. Меѓутоа, во науката има спротивставени мислења за местоположбата на средновековниот град Полог. Едни автори овој полошки град го лоцираат кај Тетово, други кај Градиште (денешното село Градец), а трети кај селото Милетино. Археолошките наоди покажуваат дека градот Полог, што се спомнува во XII век, се наоѓал кај Градиште (Градец). Ако се има предвид дека средновековните градови Хтјтово (Тетово) и Бахјица (Гостивар) тогаш биле селски населби, сосема убедлива е втората варијанта - дека градот Полог бил лоциран кај Градиште (Градец). На грчки јазик, Полог бил споменуван во формата “Пологос”. Некои научници се на мислење дека во XI и XII век не постоел град Полог, туку само област. Инаку Полог, (од бо-лог), според едни автори бил спомнуван со значење божја гора, (рај божји), кое толкување, пред се, од прекрасната местоположба на градот и на котлината, (Полог). Според други автори, полог значи горска падина, (подножје, подгорје или загорје). Со зборот полог, старите Словени означувале долина, (ниско место, рамница), заградена од сите страни со височини, (ридови или планини). Кога Х'т'тово (Тетово), било село, во Долни Полог, (до крајот на XII век) егзистирал средновековниот град Л'ш'к, кој во тоа време бил главен духовен, културен и економски центар во Полошката Котлина. Овој средновековен град, меѓутоа, во текот на 1189 година, по навлегувањето на српската војска во овој крај, на чело со кнезот Стефан Немања, како пограничен град на Византија бил опустошен и разурнат. Тогаш бил разурнат и градот Полог, како и некои други населени места во северна Македонија. Според едно предание, во пошироката околина на денешното селото Лешок, во доцното средновековно време, егзистирал градот Леген-град, (Легенград). Овој средновековен град го споменува и Кирил Пејчиновиќ во својот опис за манастирот “Св. Анастасиј”, (во Лешок). Меѓутоа, кога овој полошки крај потпаднал под турска власт, кон крајот на XIV век, (1352), со колонизирањето на муслиманското население во котлината на Полог во XV и XVI век, Легенград престанал да егзистира. Тогаш колонизираните опустошиле и разурнале 7-8 христијански цркви во градот, како и стариот манастир и тврдината околу него. Тетово, како населено место, првпат се споменува во пишаните документ во ЏИИ век, и тоа под името Х'т'тово, но тоа не значи дека населбата не била основана порано. Најстар населен простор во Х'т'тово (Тетово) било местото околу црквата “Св. Богородица”, на излезот на реката Пена од Планината Шар. Околу средината на ЏВ век, со отпаѓањето на “х”, населбата била преименувана во Тетово (Тетова).Според народната етимологија, Тетово произлегувал од зборот тетива. Во врска со ова толкување, уште тогаш се појавило и турското именување на населбата - Калканделен. Во еден хрисовул на српскиот цар Душан од средината на ЏИВ век, Тетово се споменува како село, а како градска населба се споменува во текот на ЏВ век, и тоа главен пункт на Долна и Горна нахија. Познатиот турски патописец Хаџи Калфа, кој го посетил Тетово околу средината на ЏВИИ век, градот го спомнува со имињата Калканделен и Тетова.Турците ги употребувале и формите Калкандели и Калканделе, а францускиот конзул Анри Пуквил го спомнува со формата Калканделук. Освен тоа, градот бил спомнуван и со формите Тетовен и Тетевен. Името Тетово, според една народна легенда, е сврзано со еден необичен настан од времето на турското ропство. Имено, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси Тето излегол храбар маж. Еден ден, наоружен со лак и стрела и со меч и штит, качен на својот брзоног коњ, тој се упатил кон загрозеното место. Кога стигнал таму, се појавила змијата и му го попречила патот. Тето не се уплашил. Го оптегнал лакот и со една стрела ја предизвикал ѕверката. Змијата почнала да реагира, испуштајки некаков глас. Разлутена, таа со голема брзина се упатила кон пленот. Но Тето бил бестрашен. Кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот и шилест меч и го пронижал. Така биле ослободени луѓето од страшилиштето, од опасната ѕверка. Излегол и стравот од нив, а преминот меѓу двата рида бил слободен и лесно прооден. Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит, (калкан), било наречено Калкандели, а градот,(на турски), - Калканделен. Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.

ГОСТИВАР

Месноста „Градиште” лежи 1 км југозападно од Горна Бањица и 2,5 км југозападно од центарот на Гостивар. Претставува издолжен рид што се издига 160 м високо над јужниот раб на Полошкото поле. Во неговото северно подножје се крстосувале главните патишта што доаѓале од север, долж западниот и источниот раб на Полето и оттука водат на југ, кон Кичево — Охрид и на југозапад, кон Маврово — Дебар — Струга. Озгора се контролираат тие патишта и полето многу километри далеку на север, северозапад и североисток. Најстари остатоци. Во доцната антика околу зарамнетиот врв било изградено цврсто обѕидие од камен со малтер, во форма на овал голем 140 х 50 м (0,4 ха). Изадениот западен дел бил зајакнат со челна кула. Во внатрешноста, во источниот дел, се наѕира низа од квадратни прос-тории всечени во карпеста почва. Наоди: многу парчиња од доцноантичка питоси и тегули, повеќе монети од доцниот 4., 5. и 6. век. Средновековни остатоци. На западниот дел на тврдината, околу кулата, се гледаат траги од големи обновувања кои потекнувале или од 6. или од 12-13 век. Една бакарна византиска монета — скифат од 13 век кажува дека оваа значајна стратешка позиција била користена и во доцното средновековие, како постојана или повремена стража. И во североисточното подножје, близу до старата железничка станица во Гостивар, во 1955 г. било ископано депо со 1.300 византиски монети (бакарни скифати), скриени тука на крајот Селото Г. Бањица се споменува во повеќе документи. Околу средината на 11 век византискиот цар Роман III го подарил на манастирот св. Горг кај Скопје, а тоа го потврдиле и бугарскиот владетел Константин Асен во 1265 г. и кралот Милутин српски во 1300 година во нивните грамоти. Г. Бањица е наведена и во пописните дефтери од 1452/53 и 1467/68 г. Денешното село Г. Бањица лежи на средновековната локација во североисточното подножје на Градиштето, има стари гробишта и средновековно црквиште. Малку посеверно од него бил основан манастирот Гостивар, спомнат во црковните документи од 1318 и 1343 г. Покрај манастирот постепено се ширело истоимено село, кое во пописниот дефтер од 1452/53 броело 88 куќи а во 1467/68 г. 108 куќи. Истото се развивало на сметка на соседната Г. Бањица, за на крајот да го достигне денешниот обем и значење како центар на Горниот Полог.

Месноста „Градиште” лежи на западниот крај на Градец. Претставува 40—60 м високо ритче во подножјето на Шара. Една длабока поројна бразда го опфаќа од север и запад, а на југ преку мало седло се поврзува со планинскиот масив. Неговата источна страна се спушта терасесто кон Полето. Главниот полошки пат што води долж западниот раб на Полето го допира. Најстари остатоци. Заоблениот врв на ритчето е изделен на две рамништа. Повисокиот југозападен дел бил одделно укрепен како мала акропола. Нејзиното јужно чело, свртено кон седлото, било брането со висок насип. На пониската тераса се протегал станбениот дел. Крепоста била голема само 0,6 ха. Месното население со години интензивно вади камен од старите ѕидини така што од нив останале само траги во вид на ешарпи. Најдени се повеќе монети од хеленистичко време, потоа римски монети од 4 и 5 век. Во доцната антика обѕидието веројатно било обновено, градено со малтер. Неколку гробови во северното подножје содржеле предмети од доцниот 4 и 5 век. Пред половина век во источното подножје биле ископани темели од ранохристијанска базилика со мозаичен под, потоа римски надгробни стели со релјеф и натпис. Средновековни остатоци. Со диви копања на Градиштето на површината се исфрлени и парчиња од словенски црепни и огнишна грнчарија. Други наоди од средниот век нема, како ни траги од обновување на обѕидието. Забележано е дека во 1190 српскиот жупан Немања го освоил регионот Полог и засекогаш го разурнал „градот Градец” (и Леш’ск) што дотогаш ги држела Византија. Во 15 век во турските пописни дефтери Градец е забележан како село. Во 1452/53 година тоа броело 88 куќи а во 1467/68 г. 108 куќи (Кравари 1989, 189). Повеќе истражувачи на минатото на оваа област го поврзувале овој локалитет со загадочниот град Полог кој до денес не е потврден на терен. Тие помислиле дека Византија го обновила старото гратче Градец во 13 век и му дале ново име, Полог, како жупско средиште на Горниот Полог. Овој локалитет има денес сосем бедни остатоци, мал е, а источното подножје каде што евентуално можело да се шири подградието, денес е покриено со многу силни наплави од Градочката рекичка.

Месноста „Соколец” лежи еден километар јужно од Калиште и 970 м н. м., 300 м високо над Полошкото поле. Претставува осамена варовничка карпа што се издига над околниот зарамнет терен, 25—30 м висока. Падините на карпата се сосем стрмни до вертикални, од југ и запад испукани и избраздени од ерозијата. Во јужното подножје, на средина, стои мала пештера од која според преданието бил пробиен тунел нагоре, до врвот на карпата. Озгора се гледа широка околина многу километри на исток и северозапад. Најстари остатоци. Врвот на карпата е зарамнет. Во доцната антика било подигнато обѕидие од камен со вар, кое што опколувало овален простор со димензии 120 х 60/50 м. Северниот ѕид на средина е вовлечен под агол навнатре и тука се евидентни три ѕидни платна, допрени едно на друго. Се работи за две големи обнови на обѕидието (во 6 и 12/13 век). На тој простор се наоѓала и портата, а најлесниот (и главен) пристап оддолу водел по падината од североисточното подножје. Наоди: парчиња од доцноантичка грнчарија, питоси и тегули, повеќе монети од доцниот 4 и 6 век. Во североисточното подножје, на рамна површина со големина до 2 ха, лежат остатоци од расфрлена истовремена населба. Оваа тврдина го контролирала патот од полето по долинката на Маздрача кон преминот Враца на Шара, кој оттаму се спушта во долината на Дрим на запад. Во доцноримско време тука била повлечена граничната линија помеѓу провинциите Македонија и Превалитана. Средновековни остатоци. Извонредната стратешка позиција на карпата Соколец, тешко освоива, била причина таа да се користи и во средниот век. Веројатно во 12/13 век бил обновен средниот потег на северниот ѕид. Од тие времиња останале парчиња од словенска грнчарија и црепни, а најдена е и византиска монета — скифат од 12/13 век. Областа Полог во тие векови е гранична зона на Византија кон агресивната Србија, која од Призрен преку Шара постојано упаѓала во Полозите. Името Соколец е словенско и се среќава кај повеќе крепости од тоа време на широкиот балкански простор. Меѓутоа просторот на карпата е премногу мал за на неа да може да се смести еден град. Исто така, ниту во подножјето нема траги од некоја отворена населба од средновековието. Сосема е јасно дека на Соколец можела да престојува само помала стража, демнејќи го патот од Призрен преку планината Шара и преминот Враца кон Полошкото поле. Средновековните остатоци на Соколец се сосем скромни и укажуваат на тоа дека крепоста била користена само повремено, во кризни мигови.

Локалитетот „Кале-Ѕвезда” лежи 2,5 км западно од Србиново. Претставува издаден и 80 м висок карпест нос (690 м.н.м.), наднесен над устието на Симница во Падалишка река. Северната и североисточната страна му се речиси вертикални карпи, а лесно е пристапен преку седлото од запад и југозапад. Во источното подножје, низ речниот теснец води патот Гостивар — Кичево. Најстари остатоци. Под средновековното обѕидие се наѕираат делови од постар, доцноантички ѕид искористен како темел и потпор на подоцнежната тврдина. Парчињата од доцноантичката грнчарија, питоси и тегули потекнуваат од првата тврдина. Средновековни остатоци. Во доцниот среден век врз старите темели било изградено јадрото на новата тврдина. Има форма на трапез со димензии 45 х 60/23 м. Ѕидот е граден од плочест кршен камен со посен варовен малтер и има бројни дупки за скеле и сантрач, а типичен е за доцниот 13/14 век. На јужното чело стоела една кула, денес сосем урната. Добро запазена останала кулата на северозападниот агол, по функцијата веројатно донжон. Има димензии 13 х 8 м, а височината денес изнесува до 4 м. Има влез од јужната страна, а до влезот е потпрена и главната порта. Од цвингерот низ оваа порта се влегувало во мало предворје, а потоа во главниот двор на тврдината. Друга порта се наѕира на источниот ѕид. Долж северната страна, потпрена врз вертикални карпи, ѕидот не е сочуван. Околу јадрото на тврдината бил изграден и еден надворешен ѕид (предѕид), оставајќи меѓупростор (цвингер) широк 12—18 м. На северозападниот агол стои добро запазена порта — обичен премин низ предѕидот широк 2,7 м. До неа, внатре, била поставена стражарска куќа. Предѕидот носи доц-носредновековни градежни белези. Парчиња од словенски црепни, огнишна грнчарија и бројни производи исковани од железо (клинци и кламфи, ножови, врвови од стрели — тип за пробивање панцир, железна згура) упатуваат на доцниот среден век. Во источното подножје на Калето, во речниот теснец на месноста Самоков и Ковач, населението со години ископува остатоци од стари топилници (печки) и ковачници на железо. Железната руда е копана површински на падините на Ветерник, околу денешното село Железна Река и долж истоимената река која се влива во Падалишка, 5—6 км источно од Калето и Самоков. Овие остатоци потекнуваат од доцната антика и доцниот среден век. Имаме основа да заклучиме дека тврдината Ѕвезда била целосно изградена во времето на расцутот на рударството во овие краишта, во 13/14 век, а како државен контролен пункт над околните рудници. Таа воедно го контролирала и тогаш важниот пат од Полозите кон Кичево, во експанзионистичката политика на Србија кон југ. Хисарот Трново е забележан во пописниот дефтер бр. 4 од 1467/68 година. Во него стои дека оваа тврдина, покрај Собри и Аргирокастро, испорачувала контингент (железо) за оружје на градот Призрен. Трново е старо село и денес лежи изместено повисоко во планината, 4 км североисточно од Србиново кое постапно го зафаќа неговиот синор. Нема сомнение дека „хисарот Трново” се однесува на калето Ѕвезда. Дека Ѕвезда била населена и во ранотурскиот период (15/16 век) како контрола на cи уште активните рудници на железо, укажуваат градбите на Калето. Една од нив (стамбена кула или магацин) била поставена врз урнатото чело на главниот ѕид на тврдината, со слободна ориентација која отстапува од претходната. Другата градба — стражарската куќа до источната порта, има исто така ориентација што отстапува од главниот план на тврдината и многу послабо и негрижливо е градена. Високата грамада врз западната стражарска куќа индицира, исто така една подоцнежна градежна фаза врз постарите остатоци. Овие невешти и многу послаби остатоци на обновување несомено потекнуваат од турско време.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved