Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

ВЕЛЕС

Маркова стапалка, Папрадиште

Маркова пештера. Се наоѓа во долниот тек, од левата страна на реката Бабуна. Во околината постојат околу 50 пештери, во пет од нив има слики од светци, а во четири цртежи на ѕид. Во Марковата пештера постои црква за која се претпоставува дека потекнува од втората половина на 16 век. Фреските се многу оштетени. Најсочувана е онаа на која е претставен ликот на свети Никола. Според некои научници, таа потекнува од 11 век, време кога во неа живееле аскети и монаси.

Маркова црква, пештера, Чашка

Марково кале, Богомила, Теово, доцноантичко градиште. На едно зарамнето плато од висок рид се забележуваат остатоци од ѕидови градени од камен и варов малтер. Се среќаваат и фрагменти од градежен материјал, керамички садови и питоси.

Марков камен помеѓу с.Оморани и с.Мартолци покрај река Бабуна

Црква Св. Јован или кај народот уште позната и како “Маркова меана”, датира од византискиот период. Се наоѓа на десната страна на реката Вардар, веднаш до сегашната фабрика за крзно “Димко Митрев”. Во нејзина близина бил камениот мост кој ги поврзувал, во тоа време, овие две населени места.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved