Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

МАРКО КРАЛЕ СЕ ЗДОБИВА СО КОЊ И СИЛА

Кој се родил Марко па пораснал мало, му нап’нила мајка му една црпка со вода, па го испратила там на балкана, свине да чува. Арно, ама тамо Марко, шетајќи низ гората, наш‘л на едно девет деца самовилски к’де плакале. Марко ги праша : ”Заошто, деца, плачете?”

Тие, децата му казаа : ”Мајка ни е на лоф, а па мие за вода изгорехмо.  Дур  да дојде мајка, не можемо да дожекамо, ке умремо.  ”Извади Марко црпката. Ето го самовила иде, Јана самовила, иде силна, љута: сака да го погуби Маркота. Деца и викаа  :”Немој, мајко, заре тој ни напи вода, ке умрехме за вода”. И самовилата седна, ги порани, и му рече на Маркота  ”Како ти е име ?” – рече “Марко” – “Што сакаш ти од мене сега бакшиш, што си ми ги напил децата со вода ?” Тој рече: - “Ја не знам што да сакам од тебе. ”Таа му рече : ”Ал сакаш да бидеш јунак многу”- “Сакам” – “Е, ако сакаш, ела седни у скут”.Та извади пазуа /сиса/, го насиса Маркота. Имало туе една воденица. Му рече самовиолата : ”Влези под воденицата  ти, али ке можеш да га помериш“. Влезе Марко под воденицата, акна со рамо ,- скрцка воденицата. Му рече “Више не може”. Таа му рече : ”Ела јопе да сисаш, не си уште арен јунак”. Зеде Марко уште едн’ш, га дигна до колена. Самовилата му рече : ”Ела па, да сисаш“. Приде Марко јопе, сисаше, стана три пути. Влезе под воденицата, га дигна, га префрли. Јана смовила му рече : ”Аха , сега си доб’р”. Тој  е рече, Марко:” Арно, Јано, јас сум доб’р, но сакам и коњ јунак како мене. ” Јана му рече : ”Ако сакаш и коњ јунак, и коњ ќе ти најдам. Да станеш ноќеска, да идаш у филан планина, да окастриш има еден дуп па да седнеш на него, да чекаш. Ќе дојде еден коњ диф, да јаде на гранете. Ти полека-лека да се спуштиш озгора, да јавнеш. Он ке летне да бега , ти држи се, не се плаши. Он ке бега, ќе бега, белки три д’на и три ноќа ке бега, ама ти не се плаши. Ке види он не паѓаш, и ќе ти се предаде После, коњот иа ране, ти ке му ги излекуеш ранете, после ќе озрае коњот, и тој ке биде јунак како тебе”.

Стана Марко, отиде там у планина, го окастри тој дуп, што каза самовилта, па чекаше ноќта  на дупот. Баш у полноќ ете го един коњ, диф. Марко полека-полека с отпушти од дупот, го јавна коњот. Коњот летна со све него да бега. Бегаше, бегаше, бегаше три д’на и три ноќа, и најпосле застана. И Марко му рече ; ” Зашто олку се плашиш, што бегаш ? Ја ни те јадем, ни те колем, ни те сечем…Ќе те раним, измет ќе ти чиним : што ќе јадем ја - и ти,  што ќе пием ја – и ти.” Коњот му рече:” Ја, рече, немам сра от тебе току ја, рече, те обидувам, али си јунак спроти мене, ели не си : зашто ја имам сила многу, утре ќе видам некој зорт, ќе летнам да бегам, ти да доседиш на мене, а не да паднеш.”

И от туе шета Марко со него, му излечи ранете. Кај што били ранете, излезе бела в’лна, стана коњот шарен, и затоа се каже Шарца пеливан. После дојде време, лупаше Марко по свет, лупаше, лупаше, идеше силно со коњот. Гледа на едно место седнал еден старец, ама едно торбиче со земња. Кој дојде Марко при него, му викна : ” Доб’р ден ”. И старец му кажуе : ” Доб’р ден, Синко, му вика, подигни го торбичево, дедо е стар човек, не може.” Марко му рече : ” А, што има туа .” Пружи рука со малово прсте, му го подигна торбичето. И тогај он му рече: ”Ах бре синко, млогу си бил јунак”. Ти ќе се наљутиш, ќе ја превртиш земњата ! Туку от полојна полојна нека ти остане”. Го прок’на. И от полојна полојна му остана. Ако беше све, не се дексаше. А тој бил дедо Господ, го обиднуал, какво срце има, каква памет има.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved