Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

В’ЛКАШИН И МАРКО
 
Црква градил В’лкашин и Марко,
црква градил Света Арангела,
до своите кули над Вароша.
Ја градиле до девет години
се од мермер диреци клавале
а покривот со сребрени плочи.
Иконите се од суво злато,
на вратата В’лкашин се писал
син му Марко, богме, му завидел
и тој ми се одлево написал
во одежди и кралцки круни.
Манастиро азар му се сторил
и требало за да си го светат
поканиле патрик и владици.
Од Охрида за да му светат
поканиле ѓаци ем попои,
поканиле кралеи и банеи,
поканиле народ од секаде.
Како тие чесно поканиле
така чесно тие ним му дошле,
манастиро си го осветиле,
лепи гости тие направиле.
Што станале три четири трпези:
на првата патрик и владици,
втората беше кралеи и банеи,
трета беше од сите рисјани.
Jале, пиле три дни ем три ноќи.
Откога се сите поднапиле
мушавере тие ми чиниле,
најповеќе кралеи и банеи
секој му се јунаство, валил.
Марко слушал и вино ‘и служел
и тој ми се јуначки повалил за негоото,
боме, јунаство наче грло, вака тој да вели:
- Ој ви, море кралеи и банеи
сите вие сте биле јунаци,
зер јас не сум од татка појунак.
Кога чуло крала В’лкашина лели,
брате, недраго му панда,
рипнал јунак на нозе јуначки,
та извадил сабја од ножница
и се пуштил Марко да го губит.
Кога видел Марко Крале оти татко му
ќе го загуби чест му сторил –
не му се спротиставил рештил Марко
пред него да бега
и не кренал рака на татка си,
да не земит клетва од Бога.
Марко бегал околу црквата,
три пати ја црквата опколил.
Го привтасал татко му В’лкашин,
го привтасал и ќе го пресечел,
лели Марко и тој сабја имал.
Марко врати од манастир турнал
в црква влегол и му се затворил,
од лутина В’лкашин ми удрил
на чесните врати манастирски.
Фала Богу за чудо големо
од врата ми крви што протекле.
Ангел божи В’лкашину рекол:
- В’лкашине, ти си полудел
да што трчиш по сина ти Марка
да го сечиш и да го погубиш
и голем грев ти сакаш да сториш.
Света црква за да ја затвориш,
еве три дни ти кај освети
зар пак сакаш да ја просветуаш ?
Марко си јет од тебе појунак,
и пак рака на тебе не кренал,
тук си влезе во Светаја црква
да откини, чест тебе да стори,
В’лкашине, ти чест не познаваш.
Дејди, море стара В’лкашине,
ти не удри црковните врати,
тук’ ми удри света Арангела
и му рани негоата нога
и од нога крви потекоа.
В’лкашине аир ќе ти се растурат.
Манастиро здрав не ќе останит
до три - четири, богме, појаси

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved