Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

SCUBA DIVING - Пештера ''Под Врело'' Матка
SCUBA DIVING pećina "ISPOD VRELA" Matka
SCUBA DIVING  cave POD VRELO Matka



Пештерата е локалитет од светски ранг, атракција која може да привлече многу туристи.

Пештерата има тесни ходници во кои може да помине само еден човек, но и места каде нуркачите можат да се одморат.

Со првите истражувања на Врело во 2000 година продреа 67 метри во длабочина и 450 метри во должина. Сега белгиските спелеолози успеаја да влезат повеќе од 100 метри во длабочина Претпоставка е дека „Врело“, чија должина изнесува 450 м, е подлабока од 180 м, колку што е длабочината на подводна пештера во Италија
Последните испитувања извршени во соработка со белгиски нуркачи укажуваат на тоа дека оваа подводна пештера е многу подлабока од досега откриените 98 метри под вода. Има Сала Пеони, на должина од 120 метри, се излегува како на плажа, со воздух кој не е испитан
Претпоставка е дека се влегува во еден огромен пештерски систем кој води во правец на Патишка Река. Tричлена спелеолошка експедиција од Белгија се нурна на 100 метри длабочина во подводниот дел на пештерата Врело на Матка, што е прв случај во Македонија некој да нурка на таква длабочина
Со успешна реализација на овој проект, Скопје и државава ќе добијат големи придобивки бидејќи „Врело“ како туристичка атракција ќе привлече голем број посетители на кањонот Матка. Истражувањата ќе отвораат можности, да се предизвика интерес за научни и спортски експедиции. Од горниот дел на Врело земени се  примероци од водата и од карпите што некаде се многу црни, а наместа црвени. Бојата зависи од минералите. Досега не се сретнале црни минерали, затоа земените мостри и ќе се испитуваат. Резултатите ќе им помогнат и на геолозите. Можно е да станува збор за минерал за кој досега не се знае.

http://www.flickr.com/photos/20146835@N05/?deleted=3814458140

www.jasen.com.mk




 

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved