Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Демир Капија

Кањонот Железна врата. Дали сте ја виделе или, пак, сте слушнале за камената убавица Демир Капија? Ја знаете приказната за нејзиното расцепување во дамнешните времиња, тогаш кога Крале Марко и Господ шетале низ земјава како побратими? Старите паметат дека таа не била отсекогаш така поделена на два дела, туку цела, како камен ѕид стоела помеѓу Тиквешката котлина на север и Бојмија на југ.

Но, еден ден двата пријатела излегле на прошетка и занесени од убавините што ги опкружувале, почнале да размислуваат како да го направат народот посреќен, да му помогнат да биде позадоволен. И тогаш Господ се досетил и предложил водата од Малко море (денешно Мариово) да ја пренасочат кон Солунско поле и така да му помогнат на народот. Крале Марко ја подигнал својата сабја и со еден удар ја поделил карпата на два дела. После овој настан настапила голема суша и народот почнал да бега оттаму, заминувајќи најмногу во битолските и тиквешките краишта.

Пештера. Уште од времето кога било пронајдено огненото оружје, Крале Марко живее во Демир Капија, тој се уште спие во длабок сон во една тамошна пештера. Во нејзината внатрешност тој силно ја забил сабјата во каменот, го симнал седлото од Шарец и пред да потоне во сон, рекол: “Кога сабјата ќе испадне од карпата и седлово ќе се качи на Шарца, на коњот, тогаш јас ќе се разбудам и пак ќе излезам да царувам во оваа македонска земја“.

Во близина на Демир Капија, на левиот брег на реката Вардар, се наоѓа планина со необично ехо. Се верува дека таму живее Крале Марко. Патниците кога минуваат низ тој предел извикуваат: Марко си жив?, а ехото го повторува прашањето.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved