Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден


 

ОХРИД

Маркови кшти. Недалеку од Охрид има едно црвено планинче Гебавци, на кое се наоѓа манастирот Св. Еразмо. Тука се наоѓале Маркови кешти, во кои Марко држел вино. Еден ден му се истурила една бочва и виното истекло по планинчето. Оттогаш тоа е црвено.

Оригинален потпис на Крале Марко во катедралната црква Св. Софија во Охрид и оригинален потпис на последниот христијански владетел на српското царство Стефан Урош Петти. Исто така биле откриени и документи во кои се опишуваат активностите на архиепископите од 14 век

Натпис на надгробен споменик од 1379 г. во цркавата Света Богородица Перивлепта Охрид /укажува на фактот дека Остоја Рајковиќ Угарчиќ е “сродник на кралот Марко, зет на жупанот Гропа” /

РЕСЕН

Маркова нога, Долно Дупени, хеленистичка и доцноантичка населба. Покрај езерото, во близина на граничниот премин, се откриени објекти од камени блокови, слични на градбите на локалитетот Анче, крај Крани.

Пештера Марково седло, с. Покривник.

Стапалки на Крале Марко. Едната се наоѓа во близина на изворот Студена водица, а другата на голема оддалеченост, преку долови и реки, на друга планина, под Брезовец. 

Маркова нога Долно Дупени, На неколку километри од селото Долно Дупени, близу граничниот премин со Грција, се наоѓа месноста Маркова нога, позната по каменот - чудо на природата - за кој се верува дека ја чува трагата од еднометарското стапало на Крале Марко.Според легендата што ја раскажуваат мештаните, пред многу години Крале Марко се шетал по крајбрежјето на Преспанско Езеро. Крале Марко посакал да го види и малото езеро во соседна Грција, па затоа се поткачил на еден камен - оставајќи трага на каменот. Во легендите се раскажува дека Крале Марко бил многу омилен кај обичните луѓе, па тие често кога зборувале за него сакале да го претстават како многу голем, силен, храбар и итар човек. Затоа луѓето верувале дека оваа природна реткост е токму трага од стапалото на заштитникот Крале Марко. Каменот со трагата од Марковата нога се наоѓа во дворот на караулата што го носи неговото име. Надлежните во касарната велат дека сите граѓани што сакаат да го видат каменот може да дојдат, но претходно да се најават.

 

Плажата Маркова нога во Долно Дупени,  веќе неколку години е најатрактивно место за летување на преспанскиот брег. Добро уредената плажа, шанкот, сламените чадори, лежалките, соблекувалните, ресторанот, терените за одбојка и реквизитите за деца, ги привлекуваат не само жителите туку и гостите од околните градови, кои ги поминуваат викендите и годишните одмори на маркова нога.


 

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved