Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

1963


Помошта од странство потекнува од земјите: /Аден, Албанија, Алжир, Аргентина, Австралија, Австрија, Авганистан, Белгија, Боливија, Бразил, Бугарија, Бурма, Чехословачка, Чилe, Јордан, Јужноафриканска унија, Камбоџа, Кина, Канада, Кипар, Колумбија, Костарика, Кувајт, Либан, Либерија, Луксембург, Унгарија, Мали, Малта, Мароко, Мексико, Монако, Монголија, Германска Демократска Република, Нигерија, Нов Зеланд, Норвешка, Пакистан, Панама, Полска, Португалија, Романија, Родезија, Социјалистичка Република Германија, Сенегал, Сирија, СССР, САД, Судан, Сри Ланка, Тангањика, Тунис, Турција, Заир, Уганда, Уругвај, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Ватикан, Велика Британија, Венецуела/, многу меѓународни организации, странски туристи и други дарители.

Исто така на Скопје му се подарени 1. 244 уметнички дела на кои неможе да им се процени вредноста.

Првично беа испратени: 250 тони масло, 720 тони сирење, 216 тони јајца во прав, 378.000 парчиња сапун, 9 тони сапун за перење, 8.856 шатори, 55.000 ќебиња, 21.000 чаршафи, 10.420 рала чевли и голема количина на лекови. 15.000-83.300 градежни работници учествуваа во расчистувањето на градот. 96.000 пакети со храна, текстил, чевли и играчки за деца испрати Мексико. 17.170 деца беа испратени на закрепнување на море, езера или во странство. 110.000 граѓани добија привремено иселување со превоз, сместување и исхрана во Цриквеница, Лесковац и Пореч. 480 привремени стамбени простории беа изградени веднаш по земјотресот.

Изградени се: 1. 914 стамбени простории од траен карактер овозможија Светскиот совет на Цркви, Романија, Чехословачка, Полска, Швајцарија, Шпанија, Мексико, Норвешка, Франција, Велика Британија, Финска, САД, Данска и СР Германија. 1.432 стана од тип Дексион беа изградени во Ѓорче Петров- донација на Велика Британија. Монтажни станови од Данска, Швајцарија, Италија, Норвешка, Мексико, Франција, Чехословачка, Полска.  93 метални бараки донираше САД, 90 приколки донираше САД, 2 градинки донираше САД, 2 младински прифатилишта донираше САД, 2 студентски населби донираше САД, 2 осумгодишни училишта во Шуто Оризари донираше САД, 4 осумгодишни училишта донираше Велика Британија, 2 гимназии донираше Велика Британија, 54 бараки донираше Велика Британија.

Универзална сала – е изградена со средства од Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Гвинеја, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јордан, Јемен, Јапонија, Камбоџа, Куба, Канада, Кипар, Либан, Либерија, Ликсембург, Мали, Монголија, Мароко, Монако, Нигерија, Нов Зеланд, Пакистан, Судан, Сенегал, Сирија, Сри Ланка, Турција, Тунис, Уругвај, Чиле и страски туристи во Југославија.

Институт за македонски јазик – донација од иселениците, Детски базен – донација на Белгија и Холандија, Детски сообраќајен центар – донација на Германија, Фискултурен дом Кале – донација на Грција, Фискултурен дом Карпош 2 – донација на Франција, Јавна Бања Чаир – донација на Етиопија, Бања Катланово – донација на Италија, Детски центар Водно – донација на Гана, Египет, Либија, Бурма, Кенија, Кувајт. Драмски театар – донација на Велика Британија, Дом за старци Злокуќани – донација на Шведска, Младински културен центар – донација на Русија, Алжир. Детски антиТБЦ Козле – донација на Норвешка, Шведска. Детска болница во Ѓорче Петров – донација на Шведска, o.у. Ј.А.Коменски – донација на Чехословачка, 4 советувалишта за мајки и деца – донација на Велика Британија, 6 центри за млеко – донација на УНИЦЕФ, o.у. Песталоци – донација на Швајцарија, Поликлиника Букурешт – донација на Романија, 3 згради со 102 стана – донација на Романија, Гиниколошка болница Чаир – донација на Чехословачка, Хемиско училиште М.Кири Складовска – донација на Полска, Гимназија Ѓорги Димитров – донација на  Бугарија, Детска градинка Карпош 2 донација на Германија, Општествен дом Драчево – донација на Франција, Детска градинка Копенхаген – донација на Данска.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved