Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Марко Kрале ja одменува свадбарината


Едно утро Марко ми подрани
из Прилепа Марко, из Варошот
да прошетат Косовска наија;
ушче први петли не пеали,
тој се фрли Шарцу на рамена
и ми тргна по бели друмови;
пo среденоќ из Скопје помина;
дури петли први пропеале,
тој помина Качански клисури;
дури зора утро зазорила,
тој натури Косовска наија;
дури с'лнце утро да изгреет,
тој ми влезе во Косово Поле!
Нишчо Марко среќа не го стрети.
саде стрети Косовска девојка.
Марко нејзе велит: - Добро утро,
добро утро, Косовке вдовице!
-А таја му нему одговори:
Ја не су си Косовка вдовица,
туку су си Косовка девојка.
-Тога рече Марко Кралевиќе:
-Ај ти тебе, Косовке девојке,
ќе те прашам, право да ми кажеш,
шчо ти тебе коси побелеле,
бело лико ти се расипало ?
Али жалиш од рода твојего,
шчо не си се млада оможила ?
-Тога рече Косовка девојка:
-Ја не жаљам од рода мојего,
току имат триесет години,
как ми дошол црна Арапина,
од цара ми свадбина прекупил:
кој ќа јунак млади се оженит,
нему сакат триесет и три минца,
а девојка која ќе се можит,
нејзе сакат триесет минцови.
Мои браќа ми се сиромаси,
ми немает азно да му дает;
затова ми коса побелела,
бело лико ми се расипало!
-Тога барат Марко во пазува,
ми извади триесет минцови,
је и даде Косовке девојке,
Тога рече Марко Кралевиќе:
-Да си сакаш момче спроти себе,
да си сакаш, да си се омажиш
и на Арап свадбина да платиш.
Ќе те прашам, Косовке девојке,
ќе те прашам, право да ми кажеш,
жити рода и твоја крвнина,
жити вера наша православна,
жити име Христос Исусово,
немој мене ти да ме излажеш:
коде му се кулн Арапови?
-Одговори Косовка девојка:
-Кули му се сами познавает,
под Косово в зелени ливаѓе.
Тамо имат белана чадора,
на чадорот од злато јаболко,
това светит како јасно слнце,
оддалеко сами се познават.
-Тога стегна Марко Кралевиќе,
тога стегна своја брза коња.
Го догледа стража Арапова,
го догледа ушче оддалеко,
му говорит црне Арапине:
-Арапине, наши господине,
по друм идет страшен је делија
и страшно ми коња наљутило,
од нози му огон искри летат,
од уста му бели пени паѓет,
од носот му сини пламни бијат,
од очи му секавици пушчат,
и најстрашно ми се променило:
на плешчи му кожув од мечиште,
на глава му калпак од в'лчишче
во уста нешчо црно носит,
како јагне половингодишно.
-Тога рече црна Арапина:
-Ај ви вами, триесет стражари,
вие него убаво причекајте
и оружје од појас земите,
пратите го при мене да доет:
тове ми е младо неженето,
тове идет свадбина да платит
ќе ми дает азно небројано.
-Ушче Арап лафот не дорече,
ми приближи Марко Кралевиќе.
Кога Марко стражари приближи,
а стражари сите избегае,
кој по поле, кој по планина.
Право тргат Арапу на чадор.
Марко нему велит:- Добро утро,
добро утро, наши господине,
господине, Арап од преку-море!
Кажи мене шчо е свадбарина,
да ти плата царска свадбарина,
оту после потов ќа си гледам,
зоре сватове на пот ме чекает.
-Тога рече црна Арапина:
-Хај ги тебе, незнајно делијо,
дали ушче не си се научил?
Ево имат триесет години,
коде седа на рамно Косово:
кој ќа јунак млади се оженит,
нему зема триесет и три минца,
а девојка, која ќе се можит,
нејзе земам триесет минцови;
како тебе најголем јунака,
и шеесет пак не ти се многу!
-Тога барат Марко во пазуви,
ми извади саде три минцови:
-На ти тебе, наши господине,
на ти тебе саде три минцови:
верувај ме, повеќ азно немам.
Кога ќе појдам по убава невеста,
шчо ќе мене дарчок ме даруват,
сиот дарчок тебе ќе поклона.
-Тога рече црна Арапина:
-Ал ме ложиш, ал вистина велиш,
ал со мене шега ќе се биеш ?
-И ми зеде тешка топузина,
ми го удри три четири поти.
Тога рече Марко Кралевиќе:
-Бог те убил, Црна Арапино!
Ал се смееш, ал вистина маваш,
ал од кожувов правот ли го тресеш?
Почекај ме и ја да те удра,
ти да видиш јунак како мават.
-Пак извади Марко Кралевиќе,
ми извади своја топузина.
Кога Марко на Арапин мафна
фала богу, чудо е големо,
сногата му во земи пропадна,
а глава му настрана побегна.
Пак се пушчи по триесет стражари.
двајсет редом сите и истепа,
А троица саде ми остави,
да ми личит три млади телали,
да ми личит низ равно Косово:
-Коде иматјунак за женење,
да си сакат мома спроти него,
да си сакат, да си се оженат!
 -Коде имат мома за можење,
да си сакат момче спроти неа,
да си сакат, да си се оможит!
Заплатила Маркова десница,
заплатила сета свадбарина.

 

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved